• Latest

Тренчевска: Различностите го зајакнуваат нашето демократско општество и треба да обезбедиме еднакви услови и еднакви шанси за сите граѓани без исклучок

December 2, 2022
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Различностите го зајакнуваат нашето демократско општество и треба да обезбедиме еднакви услови и еднакви шанси за сите граѓани без исклучок

December 2, 2022 14:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на националното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември.

Настанот беше организиран од страна на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Националниот совет на инвалидски организации на Македонија и Германското друштво за интернационална соработка – (ГИЗ).

На кој што присуствуваа и премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за здравство, Беким Сали, постојаната координаторка на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџак, директорот на Германското друштво за интернационална соработка – (ГИЗ), Давид Оберхубер и претседателот на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски.

„Ги остваруваме нашите заложби за едно општество за сите, за еднакви права и  можности за сите наши граѓани и повторно ја зацврстуваме вредноста на  инклузија како наша највисока цел. Со развојот на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост делуваме и докажуваме дека различностите не се нешто од што треба да се плашиме, напротив, тоа е нешто што треба да го научиме и да живееме со тоа. Различностите го зајакнуваат нашето демократско општество и треба да обезбедиме еднакви услови и еднакви шанси за сите граѓани ,без исклучок“ рече Тренчевска на почетокот од своето обраќање.

Таа истакна дека идејата за инклузија за Владата и Министерството за труд и социјална политика е возможна и успешна цел. Министерката посочи дека  развојот на човечкиот капитал  е клучен патоказ за обезбедување на социјалната сигурност, борба против сиромаштијата, заштита на децата и развој и унапредување на социјалните услуги.

„Водени од премисата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост „Ништо за нас, без нас”, национална стратегија се развива согласно обврските и начелата преземени со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и комплементарна со  Европската стратегија за правата на лицата со попреченост, врз основа на податоци и анализи направени за моменталната состојба со почитувањето и остварувањето на правата на лицата со попреченост“ изјави Тренчевска.

Таа се заблагодари на Германското друштво за интернационална и Канцеларијата на Обединетите Нации за досегашната плодна соработка со Владата и Министерството за труд и социјална политика. На крајот од своето обраќање истакна дека успешната реализација на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост е обврска на секој поединец и воедно го честита 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Tags: МТСПТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ