• Latest

Тренчевска: Здруженијата и невладините организации се наши клучни партнери во спроведувањето на социјалните мерки

February 28, 2022
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Здруженијата и невладините организации се наши клучни партнери во спроведувањето на социјалните мерки

February 28, 2022 14:35
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Штип го посети Здружението на слепи лица при што беше информирана за тековните предизвици со кои тоа се соочува, за социјалните права кои ги користат и можностите како тие да се унапредат, за почитување на законите за правата на слепите лица и нивно подобрување. Од Здружението укажаа дека социјалните мерки помагаат во подигнувањето на животниот стандард на оваа група на граѓани, пренесува МИА.

Како што соопшти МТСП, министерката Тренчевска истакна дека грижата за лицата со попреченост останува висок приоритет на Влада и на МТСП, бидејќи квалитетното живеење е подеднакво  важно и за овие граѓани во социјален ризик.

-Продолжуваме континуирано да се грижиме  за сите категории на граѓани со попреченост затоа што тие се наши сограѓани, соседи, наши пријатели. Во имплементирањето на новите социјални услуги направени според специфичните потреби на граѓаните во секоја општина, клучни партнери ни се здруженијата и невладините организации. Со едукативно – советодавни активности и со теренските увиди во домовите за рано детектирање на лица во социјални ризици, заедно работиме на подигање на свеста за социјалната превенција. Нашата заложба  е да  создадеме општество без  дискриминација, општество во кое сите граѓани да имаат еднаков пристап до сите ресурси и еднаков бенефит од нив, рече Тренчевска.

 

Претседателот на Здружението на слепи лица од Штип, Драги Витанов, рече  дека голем број негови сограѓани имаат потреба, мерката лична асистенција да ја добиваат до длабока старост и за потребата од дом за слепи лица кои останале сами без ничија помош и грижа. Дел од членовите на Здружението за слепи лица го изразија своето задоволство од аудиочитачот за слепи лица.

Министерската Тренчевска порача дека апликацијата за слепите лица произлегла, токму од потребата од вклучување на слепите лица во заедницата, во изминатата година МТСП го промовираше аудиочитачот „Кико“ на македонски јазик и „Хана“ на албански јазик, со кој на слепите лица и на лицата со оштетен вид им се овозможува пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија. Освен слепите лица, производот го користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите други кои информациите најдобро можат да ги разбираат во аудио формат.

На територијата на Општина Штип повеќе од 5.000 лица користат различни видови социјална помош, гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, приматели за помош и нега од друго лице, социјална сигурност на стари лица, детски додаток, образовен додаток. Овие мерки  на лицата во социјален ризик им помагаат да се  справат со сиромаштијата и социјалната исклученост, им помагаат за полесна интеграција во  општеството, стои во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ