Таа ја истакна силната решителност и поддршката за создавање поодржлива иднина за сите, што значи преземање амбициозни климатски акции, препознавање и воведување на социјална правда и справување со родовата различност.
Исто така, Тренчевска посочи дека во рамките на тој процес Министерството за труд и социјална политика во тесна соработка со партнерите, систематски ги анализирало родово базираните разлики и ранливости во секторите поврзани со климата.
„Го започнавме процесот на градење на институционалните капацитети за вкрстување на родовата еднаквост и климатските промени, ги развивме македонските индикатори за родот и климатските промени во националните стратешки документи и ја воведовме климатските промени како посебна стратешка област во новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година. Исто така го воведовме и концептот на родова еднаквост во Долгорочната стратегија за климатска акција и Законот за климатска акција. Почнувајќи речиси од нула, денес можеме да кажеме дека успеавме да воспоставиме повеќе од солидна основа и засадивме дрвца за родова еднаквост за намалување на емисиите на стакленички гасови“, нагласи министерката Тренчевска.
Таа рече и дека Република Северна Македонија се согласува со изјавата на Европската Унија и најостро ја осудува воената агресија врз Украина, изразувајќи солидарност со украинскиот народ.