• Latest

Трет ден „заложници“ на заканите за (лажни) бомби во училиштата

October 28, 2022

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Трет ден „заложници“ на заканите за (лажни) бомби во училиштата

October 28, 2022 16:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Трет ден по ред закана за бомба е стигната во скопско училиште. Од Министерството за внатрешни работи (МВР), велат дека е пријавено околу 14 часот на меил адресата на едно училиште стигнало закана за поставена експлозивна направа.

„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Изминатите два дена во повеќе средни скопски училишта стигнаа лажна дојава за поставена бомба, по што учениците беа евакуирани и наставата прекината.

Досега лицата која ги испраќаа(т) заканувачките пораки не се откриени, а од МВР за ЦИВИЛ велат дека работат на случајот и откривање на сторителите.

Оваа ситуација со (лажните) закани за бомби во училиштата ја искористија дел од граѓаните кои се симпатизери на опозицијата.

Игор Ѓуровски (симпатизер на Левица) пишува дека „се утепал од смеење“ кога им ја сфатил финтата со заканите за бомби, дека всушност се празни секое училиште кое нема греење.

Ваквите потпалувачки објави и коментари на социјалните мрежи, кои инаку воопшто не се за смеење, се за добивање евтини политички поени, додека учениците, наставниците, родителите и целата јавност се испаничени од заканите со бомби.

Исто така и актерот Сашо Тасевски без никакви докази прстот го посочи кон власта дека е организатор на ваквите немили настани.

Но, тензија и паника не креваат само одредени лица (симпатизери и поддржувачи на опозицијата), туку и дел од медиумите.

Во порталот Фактор излезе наслов: „ДОЈАВИТЕ НА БОМБИ ИАКО СЕ ЛАЖНИ РОДИТЕЛИ ДОНЕСОА ОДЛУКА: Денеска нема одење во школо“. Но, за разлика од бомбастичниот наслов дека родителите нема да ги пуштаат во училиште своите деца поради страв од заканите за бомби, сепак во текстот има изјава само од една анонимна загрижена мајка која своето дете нема да го пушта да оди на училиште додека не се реши проблемот. Порталот донесе заклучок дека родителите нема да ги пуштаат децата во училиште со само една изјава од еден родител.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера изјави дека никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и додаде дека ова е сензитивна тема и без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија.

Истрагата е во тек, ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови. Најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој, би рекол, монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките. Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да се игра со судбините на децата и на сите нас, ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија”, истакна министерот Спасовски.

За разлика од опозициските подржувачи и одредени медиуми, средношколците излегоа позрели  повикувајќи на смиреност и бараат од Министерството за внатрешни работи максимално да се посвети на потрагата по чиновниците и брзо разрешување на ситуацијата, за повторно да може да продолжат со непречена и безбедна настава.

„Овие закани мора да бидат сфатени сериозно имајќи ја предвид безбедносната состојба во земјата и светот“, апелира Сојузот на средношколци.

Во допис до медиумите Сојузот ја поздравува брзата реакција на надлежните и безбедносните служби во однос на евакуациите и смета дека покажаната подготвеност и професионалност во ваквите ситуации влеваат одредена доза на сигурност кај учениците.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ