• Latest

Трет пакет економски мерки, 355 милиони евра за поголема потрошувачка и закрепнување на економијата

May 18, 2020
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Трет пакет економски мерки, 355 милиони евра за поголема потрошувачка и закрепнување на економијата

May 18, 2020 07:52
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 355 милиони евра што треба да стасаат до 730 илјади граѓани, преку различни мерки, Владата планира во наредниот период да ја поттикне приватната и јавната потрошувачка и да и помогне на домашната економија да закрепне во периодот на враќање во нормала по кризата со коронавирусот.

Третиот пакет економски мерки што го претстави вчера Владата ќе се реализира преку платежни картички и ваучери за социјално ранливи категории, невработени, млади, со цел да се поттикне приватната потрошувачка, како и преку директна поддршка на македонското стопанство  и одделно за земјоделците. Пакетот опфаќа и награда за лекарите и медицинскиот персонал и инфективните одделенија во износ од 20 отсто од основната плата за два месеца.

– Третиот сет мерки се краткорочни и среднорочни мерки за македонската економија, заштитата, промоцијата и растот на домашната економска понуда. Сите три пакети во својот фокус ги имаа граѓаните на нашата земја, нивните работни места, социјална сигурност за полесно надминување на економските последици од коронавирусот, рече премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција на која беше претставен третиот сет мерки.

Во првиот столб од третиот пакет се воведуваат платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка за развој на домашните економски дејности. Околу 100.000 граѓани ќе добијат платежни картички од 9.000 денари и тие ќе бидат достапни за сите невработени, приматели на гарантирана минимална помош. Со нив ќе се поттикнува купување домашни производи и услуги.  Предвидено е и 100.000 граѓани да добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и и домашна платежна картичка од 3.000 денари, со цел јакнење на домашниот туризам. Таа мерка ќе можат да ја користат сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари и немаат други приходи. Ваучерот ќе може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети.

За околу 100 илјади млади се предвидени повеќе видови помош со 120 милиони евра. Тие ќе може да добијат парична поддршка до 6.000 денари за покривање партицијпација на факултет или за сместување во ученички или студентски домови, како и платежна картичка од 3.000 денари и картички и ваучери за обуки во ИТ секторот и партиципација за универзитет и за сместување во ученички и студентски домови.

Поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги.

Со третиот пакет економски мерки се воведува и викенд без ДДВ за сите граѓани, преку поевтини цени за граѓаните. Целта е да се поттикне потрошувачката и растот на приходи во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Владата по тој основ очекува дополнителен прихгод од 20 милиони евра.  Ќе се исплаќа и паричен надомест за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април годинава. За стопанството  ќе има нови бескаматни кредити преку Развојната банка, во вредност од 31 милион евра – поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бизнисот. Со оваа кредитна линија ќе се овозможи 30 отсто неповратни средства за компании водени или основани од жени или кои вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење.

Се овозможува и државна гаранција за комерцијални кредити за поддршка на старт ап и мали и микро компании. Државата става на располагање финансиски средства од 125 милиони евра на извозно ориентираните компании, за поддршка и преземање на дел од ризикот за комерцијалниот кредит. Со гаранција за обезбедување на царински долг, пак, Владата планира да го поддржи извозот и да го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на РСМ.

Најавени се и нови 25 милиони евра за приватниот сектор – за нови пазари, конкурентност и модернизација, а со милион евра ќе им се помогне на текстилните компании да креираат дигитална платформа на која ќе може да ги пласираат своите производи на нови пазари.

Новиот пакет предвидува и нови 1,6 милиони евра за развој на иновативни продукти и услуги преку ФИТР, како и трансформирање на македонско туристичко село во скопско Нерези во македонско СТАРТ АП село, како и финансиска помош од 245 илјади евра на компаниите преку субвенционирање на 50 отсто од трошоците за организација на настани, обуки и конференции, до максимален износ од 30.000 денари,

За поддршка на аграрниот сектор, пак, се предвидени пет милиони евра преку Развојната банка, со кои ќе се поддржат микро, малите и средни претпријатија кои вршат примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени земјоделски производи. Се зголемува од 30 на 50 отсто износот на субвенциите за зелената нафта за земјоделците и се планирани 4,6 милиони евра.

Од окрупнување на земјоделско земјиште со што Владата планира да го стави во функција целокупното земјоделско земјиште како и да го поттикне домашното земјоделско производство и новите инвестиции во овој сектор се очекуваат приходи од 250 милиони евра во следните три години и зголема конкурентност н

Со три милиони евра треба да се овозможи финансирање на Страт ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи. За модернизација на земјоделството е предвиден кредит од 50 милиони евра преку Светска банка.

Како што образложи министерката за финансии Нина Ангеловска, целта на државната гаранција за стартап и мали претпријатија е да го олесни пристапот до финансиски средства на приватниот сектор со што компаниите би имале можност да го поделат ризикот односно државата да преземе дел од него.

-Државна гаранција со покриеност од околу 50 проценти во Развојната банка би требало да има почетен капитал од 10 милиони евра со коишто би се когарантирал износ од над 65 милиони евра. Ваквата државна гаранција ја воспоставиле најголем дел од европските земји, а во овој посткризен период на заздравување на економиите веќе ја воспоставуваат и околните земји, како Србија и Албанија, појасни Ангеловска, најавувајќи дека оваа мерка би била достапна во септември-октомври, откако ќе се направат потребните анализи, ќе се проценат капацитетите и ќе се изготват регулаторни промени.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, новите мерки што ги промовираше Владата не се за помош на граѓаните и погодените од економската криза, туку, како што соопштија, за еднократен поткуп.

-СДСМ мисли дека граѓаните може да ги излаже и да ги купи пред избори со несуштински мерки, кои не даваат резултати, и се само замачкување на очи. Дополнително денес Спасовски, Ангеловска и другите од владата го ставија стопанството на чекање до септември. Стопанството нема да добие никаква помош. Најтешкиот период од кризата стопанството ќе треба да го преживее без помош. Со ова се отвора ризик голем број фирми да пропаднат, а илјадници работници да останат без работа или со влошена егзистенција, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакција на објавените мерки.

Оттаму и вчера ги повторија критиките за ребалансот на Буџетот и обвинија дека наместо за развој и поддршка на економијата и стопанството е наманет за изборен поткуп. Неодговорната политика на власта изминатите четири месеци според опозициската партија во првите четири месеци од годината создала нов долг од 200 милиони евра.

Вкупната вредност на мерките од првиот и вториот пакет економски мерки опфаќаше сума од 200 до 250 милиони евра или два отсто од БДП, додека третиот пакет изнесува пет отсто од БДП.

Со мерките од првите економски пакети за помош, според податоците на Управата за јавни приходи  на 16.546 компании со 103. 307 вработени им е одобрена финансиска поддршка за исплата на плати за април, во вкупен износ од 1.447.278.909 денари. Со бескаматната кредитна линија „Ковид“ што е веќе целосно реализирана се одобрени се 738 кредитни барања за компании со 6.524 вработени, а за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, се пристигнати околу 4.340 апликации.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ