• Latest

Трета среќа за македонскиот јазик, и за лекторите

November 25, 2022

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Трета среќа за македонскиот јазик, и за лекторите

November 25, 2022 15:01
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, НАУКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како највоочливи грешки од неправилната употреба на македонскиот јазик лекторите ги сметаат: правописни грешки, употребата на странски зборови без мера, несоодветна употреба на зборови.

Постоечкиот Закон за употребата на македонскиот јазик не се почитува а  македонскиот стандарден јазик не се употребува во голем број од институциите и медиумите и речиси сè што објавуваат не е лекторирано, согласни се лекторите. Јавниот рекламен простор, билбордите и маркетинг слоганите изобилуваат со написи на англиски јазик или хибридни форми на латиница и кирилица.

Прашањето за правилната употреба на македонскиот јазик врамено во Закон и воедно задолжителното вработување на лектори, се актуелизира по синоќешната најава на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска дека Законот за македонски јазик е веќе готов и се разгледува од правен аспект и се очекува да се најде на владина седница. Таа додаде дека пред испраќањето во Собрание на нацрт-законот, текстот ќе биде претставен за јавна расправа. Како што најави таа, оние спорни делови, кои биле причини законот да се стопира во 2020 година сега се отстранети.

За кои спорни делови станува збор што биле причина законот да се стопира во 2020 година, НоваТВ побара одговор од Министерството за култура.

„Првата верзија на Предлогот на законот за употребата на македонскиот јазик беше изработена од Советот за македонски јазик во соработка со Министерството за култура. За овој текст на Предлог-законот, на 15.1.2020 година во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје беше одржана јавна расправа, а во однос на текстот на Законот, пристигнаа голем број забелешки од релевантните институти, од Министерството за образование и наука, од Македонската академија на науките и уметностите, како и од голем број професори од областа. Исто така, за Предлогот на законот пристигнаа и предлози со чие прифаќање суштински ќе се подобри текстот на Законот. Клучните забелешки од сите релевантни научни установи, главно, се однесуваа на постапката за основање и работа на лекторатите по македонски јазик во странство“, ни одговорија од ресорното Министерството.

Инаку, обидот да се стави крај на несоодветна употреба на македонскиот јазик и законски да биде регулирано вработувањето на лектори во медиумите и во институциите се провлекува веќе една деценија.

Во меѓувреме како највоочливи грешки од неправилната употреба на македонскиот јазик лекторите ги сметаат: правописни грешки, употребата на  странски зборови без мера, несоодветна употреба на зборови.

„Непознавањето на значењето на некои зборови што доведува доведува до погрешно информирање и ситуацијата, за жал, од година на година станува сè полоша“, вели лекторка со многугодишно искуство во медиумите.

Кога станува збор за тоа дали навистина овој пат Законот ќе стапи во сила и ќе се санкционира неговото непочитување, лекторите гледаат со недоверба.

„Задолжителното вработување лектори во институциите е нужно, но тешко ќе профункционира во време во кое владее мислењето дека негувањето на стандардниот јазик не е неопходно. Впрочем, ниската цена на лекторските услуги го покажува тоа. Можно е да биде уште еден обид кој ќе остане на хратија“, согласни се лекторите.

Освен што со конечната верзија на Законот за употреба на македонскиот јазик се предвидува да бидат вработени лектори во секоја државна институција, предвидени се и поголеми казни за оние што не го применуваат Законот.

Постоечки Закон за употреба на македонскиот јазик 

Во постојниот Закон за употребата на македонскиот јазик се уредува употребата на македонскиот јазик, како службен јазик во Македонија. Македонски јазик, во смисла на овој закон, е македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо. Употребата на македонскиот јазик, во смисла на овој закон ги опфаќа неговата заштита, унапредување и збогатување.

„Македонскиот јазик е духовно богатство од посебно културно и историско значење за Републиката. Употребата на македонскиот јазик, како службен јазик е право и должност на граѓаните на Републиката“, се пропишува во Законот.

Во овој закон се пропишува дека службените текстови од законодавната, извршната и судската власт, локалната самоуправа, учебниците, емисиите, печатот, преводите и други текстови што се објавуваат во согласност со законот, задолжително се лекторираат на македонски јазик.

Лекторирање може да врши лице со положен испит за лектор, односно со добиена лекторска лиценца во согласност со овој закон. Лекторска лиценца дава Министерството за култура по положен испит во согласност со овој закон.

Пишува: А. Василевска / НоваТВ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ