Најмалку 13 лица беа повредени кога возач изгуби контрола и се заби во публика собрана пред фудбалски натпревар помеѓу РЦД Еспањол и градскиот ривал ФК Барселона, соопшти полицијата во четврток, пренесува Ројтерс.
Полицијата соопшти дека луѓе биле повредени кога возилото се забило во публиката пред фудбалскиот стадион РЦД Еспањол во Барселона на почетокот на натпреварот.
Во соопштението на социјалната мрежа X полицијата додаде дека инцидентот не претставувал никаква опасност за публиката во стадионот.
Салвадор Иља, каталонскиот регионален претседател, во четврток изјави дека сите повреди се „помали“ и ја исклучи можноста за намерен напад. Возачот, жена на возраст од 45-50 години, е уапсена под сомнение за опасно возење и предизвикување повреди.
М. Д.