• Latest

Трите меморандуми што грчкиот Парламент сè уште ги нема ратификувано

June 9, 2024

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025

Реакции на косовските политички лидери по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог

September 13, 2025

Уште два дена до крајниот рок за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 13, 2025

Собранието со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори

September 13, 2025
Елена Симонофски- „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија
извор: Фб

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трите меморандуми што грчкиот Парламент сè уште ги нема ратификувано

June 9, 2024 09:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На средината на септември 2020 година, неколку месеци откако Нова демократија дојде на власт, во грчкиот Парламент беа доставени трите меморандуми со Северна Македонија, но оттогаш, веќе три години и девет месеци процесот е замрзнат, меморандумите се во фиока, а пред 20 дена, опозициската СИРИЗА одново ги актуализираше, доставувајќи ги како нови предлог-закони, пренесува МИА.

Во изминатите години, додека чекаа да бидат ставени на дневен ред во Парламентот, одвреме навреме се споменуваа меморандумите: на средби на македонските со грчките политичари, во пратенички прашања и соопштенија на опозициската СИРИЗА, но и дописничката на МИА од Атина, континуирано прашањето за ратификацијата го поставуваше до владините портпароли на редовните брифинзи со новинарите, а одговорот беше речиси идентичен дека меморандумите ќе дојдат на гласање во соодветно време кога тоа ќе го одлучи Владата.

По инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и откако Договорот од Преспа се актуализираше во Грција, опозициската СИРИЗА сметајќи дека меморандумите ќе ја унапредат соработката, но и дека тоа што не се ратификувани им штета на интересите на земјата, на 15 мај, одново ги достави во Парламентот во облик на предлог-закони.

Од друга страна, ставот на актуелната грчка Влада е дека нератификуваните меморандуми се „дополнително преговарачко оружје“ за Грција, од кое земјата не смее да се откаже и најавија дека „во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент“.

Претседателката Сиљановска Давкова на крајот на мај, говорејќи за односите со Грција се осврна и на меморандумите, истакнувајќи дека за неа, „најважниот меморандум е оној за помошта при евроинтеграциите“.

МИА, исто како и кога првпат беа донесени во Парламентот, така и сега, анализира што точно содржат трите протоколи меѓу двете земји, потпишани уште во 2019 година, односно Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје.

Станува збор за три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а во грчкиот Парламент се предлог-закони од надлежните грчки министри.

Предлог законите, кои СИРИЗА сега ги достави во идентична и оригинална форма како од 2020 година, имаат два члена, во првиот се меморандумите во целина, а вториот се однесува на стапувањето во сила, односно по неговото објавување во Службен весник на Грција, откако претходно ќе биде ратификуван од Парламентот.

Сите предлог-закони се потпишани од надлежните министри од тогашната Влада на Нова демократија (во 2020 година).

Откако (повторно) беа доставени, следниот чекор е да бидат разгледани на надлежната комисија за национална безбедност и надворешни прашања, а откако членовите на комисијата ќе дадат зелено светло, ратификацијата ќе биде на пленарна седница на Парламентот.

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Северна Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Северна Македонија кон Европската унија“, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања на Северна Македонија Бујар Османи.

Во извештајот, кога првпат беа доставени до грчкиот Парламент, пишуваше дека меморандумот ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи“, но и дека е „во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“.

Самиот меморандум, содржи пет члена што се однесуваат на поттикнување на билатералната соработка; соработката во политичките, економските, технолошките и културните аспекти на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската унија; формирање Заеднички комитет за размена на идеи и предлози и изготвување акциски планови во вториот семестар од секоја година; разгледување на можностите за финансирање на програми за соработка и акциски планови, а последниот член се однесува на постапките за стапување во сила и раскинување на Меморандумот за соработка .

Предлог-законот за ЕУ перспективата на Северна Македонија од 2020 година е потпишан од тогашните министри за финансии, надворешни и внатрешни работи на Грција, како и од алтернативниот шеф на грчката дипломатија од владата на Нова демократија, додека пак сега, истиот текст го потпишуваат членовите на пратеничката група на СИРИЗА.

Меморандум за основање Координативен комитет за економска соработка

Вториот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Грција и Владата на Република Северна Македонија за основање Координативен комитет за економска соработка“.

Според извештајот за предлог законот, меморандумот, „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи“.

Конкретниот меморандум е потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашниот вицепремиер и министер за финансии на Грција Јанис Драгасакис и тогашниот вицепремиер надлежен за економски прашања Кочо Анѓушев, а има осум члена што се однесуваат на начинот на функционирање на конкретниот комитет.

Согласно потпишаниот меморандум, Комитетот за економска соработка ќе брои 18 членови, по девет од секоја страна, од кои најмалку три треба да бидат владини функционери и најмалку пет институционални претставници на приватниот сектор, а со Комитетот заедно ќе претседаваат вицепремиерите или министрите од двете земји надлежни за економски теми.

Комитетот ќе има за цел да ја координира билатералната економска соработка и да поттикне поблиска соработка меѓу економските комори на двете земји, а првиот состанок ќе треба да биде свикан од заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, во рок од 30 дена од стапувањето на сила на меморандумот.

Предлог-законот од 2020 година за економската соработка е потпишан од тогашните министри за финансии, развој и инвестиции и надворешни работи на Грција.

Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје

Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Република Грција и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)“, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје.

Предвидува надзорот да го вршат Ф-16 и М-2000 од грчкото воено воздухопловство.

И овој предлог-закон, исто како и претходните два, од СИРИЗА го доставија идентично како што беше доставен од Владата на Нова демократија и потпишан од тогашните министри за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција.

Целта на техничката спогодба, како што пишува е „да ги одреди процедурите на координација што ќе се спроведат од двете страни, со цел одржување успешно надгледување за справување на Renegade закани во воздушниот простор (FIR) Скопје“.

Во спогодбата што содржи 13 члена и седум анекси, детално се опишани сите активности во рамките на ер полисингот на авионите од грчкото воено воздухопловство.

Но, не се само меморандумите обврска на Грција, туку во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа од грчка страна, постојат одредени доцнења меѓу кои и одржувањето на вториот Совет на високо ниво.

Согласно Договорот, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“.

Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција.

Паралелно, грчкиот премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по официјалната на Атина од претходниот претседател Стево Пендаровски.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрцијаинтеграциимеморандумиСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ