Неполни два часа по оружената престрелка во центарот на Тетово, полицијата веќе уапсила три лица осомничени за учество во инцидентот на булевар “Илирија”. Во моментов се трага и по други сомничени.
Ова за ЦИВИЛ Медиа го потврди Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово кој рече дека е направена и материјална штета на три локали и еден од паркираните автомобили од куршумите кои летале на сите страни.
Неофицијално, сведоци од настанот тврдат дека две групи пукале пукале една на друга од два автомобили, од кои едното возило било во движење, а другото било неподвижно. Дознаваме дека инцидентот почнал во едно од казината во близина на местото на инцидентот, по што двете групи расправијата ја продолжиле надвор по булевардот. Првите информации од терен тврдат дека се пукало од пиштоли и калашникови.
Арбен Зеќири
Претходна содржина: Жестоки пукотници во центарот на Тетово
Преземање на содржините е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.