• Latest

Трошоците на живот во јуни повисоки од лани за 1,4 отсто, а цените на мало за 2,8 проценти

July 9, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трошоците на живот во јуни повисоки од лани за 1,4 отсто, а цените на мало за 2,8 проценти

July 9, 2018 13:29
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Трошоците на живот во јуни се непроменети во споредба со претходниот месец, а во однос на јуни лани бележат раст од 1,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци цените на мало бележат раст од 0,2 проценти во однос на мај годинава, а во однос на јуни лани раст од 2,8 проценти.

Објавените податоци покажуваат дека кај трошоците на животот е забележано движење во подгрупите, односно во споредба со претходниот месец, е забележан раст кај свежото и разладеното овошје за 4,8 отсто, замрзнатото овошје и сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 отсто, јогуртот, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,3 отсто, сирењето и урдата, конзервираното овошје, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи и другите прехранбени производи за 0,2 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 4,8  отсто, услугите за сместување за 3,7 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за култура за 3,5 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 2,8 отсто, гасот за домаќинствата
за 2,6 отсто, парамедицинските услуги за 2,2 отсто, стоматолошките услуги за 1,8 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1,6 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,1 отсто, снабдувањето со вода и другите услуги во врска со станот за 0,6 отсто и обувките за 0,4 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 6,7 отсто, компирот за 2,2 отсто, рибата и морските плодови, маслото и маснотиите за 0,5 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај книгите за 11,3 отсто, авионскиот превоз на патници за пет отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4,4 отсто, телефон и телефакс-опремата за 4,1 отсто, болничките услуги за 1,7 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 1,1 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за  еден отсто информатичката опрема за 0,8 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,6 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за лична хигиена за 0,5 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот и лековите за 0,2 отсто. (МИА)

Tags: Државен завод за статистикаплатитрошоци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ