• Latest

Трет ден штрајк на вработените во „Македонски железници“

February 20, 2017

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трет ден штрајк на вработените во „Македонски железници“

February 20, 2017 13:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во „Македонски железници – Транспорт“ и „МЖ – Инфраструктура“, трет ден, денеска штрајкуваат, поради задоцнетите исплати на месечните примања.  Вработените ги бараат заостанатите плати за декември и јануари.

Железничкиот сообраќај во Македонија е целосно блокиран, не сообраќаат ниту патничките, ниту товарните возови, а граѓаните се затечени и приморани да се снаоѓаат сами.

Од „Македонски Железници Транспорт“ АД Скопје велат дека со огромните проблеми со кои се соочил целокупниот железнички систем во изминатата 2016 година – поради блокадите на железничката пруга во Грција, фирмата претрпела загуба од 5 милиони евра. А со вратените долгови од 15 милиони евра и исплатените заостанати 5 плати, на почетокот од оваа година, МЖ Транспорт се соочува со огромни финансиски предизвици.

Наспроти финансиските проблеми со кои се соочува македонската железница, на почетокот од месецов, во Македонија пристигна последниот од шестте нови кинески возови, со што се заокружи набавката на кинеските „ЦСР“ за обнова на возниот парк, чија вредност достигна 25 милиони евра!

Покрај оваа инвестиција, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, најави и други постапки за обновување на целиот возен парк, поточно за нови локомотиви вредни 8,7 милиони евра. Тој за медиумите изјави дека се оставени дополнителни 360 милиони денари за директно помагање на железницата во однос на платите и сите останати трошоци.

Се очекува преговорите со раководството на „Македонски железници“ околу исплатата на заостаните декемвриски и јануарски плати да започнат денеска. Во меѓувреме, граѓаните кои секојдневно патуваат, се оставени сами на себе. Граѓаните кои користат месечен билет мора да издвојат и дополнители сретства за превоз со автобус, автомобил или такси.

Студентите, исто така, мора да се снаоѓаат како знаат и умеат. Деновиве, нема да важи ниту слободниот превоз, кој и онака, не ги задоволува нивните потреби.

 

Tags: 25 милиони евравозен парккинески возовиМакедонски железници – Транспортнеисплатени платислободен превозШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ