• Latest

Третина од жените жртви на сексуално или физичко насилство дома

March 6, 2018

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Третина од жените жртви на сексуално или физичко насилство дома

March 6, 2018 12:21
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На глобално ниво 35 проценти од жените или 818 милиони жени над 15 години доживеале сексуално или физичко насилство дома, во нивните заедници или на работното место, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. 

Дел од истражувањата направени на глобално ниво од страна на меѓународни организации, покажуваат дека жените кои работат како домашни работнички во приватни домаќинства често се изложени на ризик од психолошко, физичко и сексуално вонземирување и малтретирање, а медицинските сестри во просек се трипати почесто изложени на насилство на работното место од другите професии. Истражувањата укажуваат и дека речиси половина од медиумските работнички жени доживеале сексуално вознемирување на работното место, а три четвртини заплашување, закани или злоупотреби на нивните работни места. Поради сето ова, Сојузот на синдикати на Македонија и Секцијата на жени се вклучуваат  во кампањата на Меѓународната конфедерација на синдикати за спречување на насилството врз жените и мажите во светот на трудот.

Целта на кампањата е да се изгради критична маса за поддршка за усвојување на конвенцијата на Меѓународна организација на трудот (МОТ) со препорака за спречување на насилството врз мажите и жените во светот на трудот и да се мобилизираат синдикалните активности за елиминирање на родовото насилство на работните места.

– Години наназад, синдикатите бараа една ваква препорака, бидејќи сведоци сме дека во светот неможе да постои достоинствен труд доколку постои насилство на работното место. И денес често сме сведоци како во светот, така и во нашата држава дека работниците трпат некаков вид на насилство, но досега не постои некој стандард или закон којшто ќе претставува добра основа за насочување на ваквата конвенција, изјави претседателката на Секцијата на жени при ССМ, Елизабета Гелевска.

Сојузот на синдикати на Македонија ќе лобира до македонската Влада и до Организацијата на работодавачи на Македонија да го поддржат усвојувањето на конвенцијата на МОТ со препораката за спречување на насилството врз мажите и жените во светот на трудот.

Првите дискусии ќе се одржат на 107 седница на Конференцијата на МОТ закажана за јуни годинава.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Секцијата на женисемејно насилствоСојузот на синдикати на Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ