• Latest

Цако стана дел од тимот на Град Скопје

February 3, 2020
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Цако стана дел од тимот на Град Скопје

February 3, 2020 14:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Александар Матовски, познат како Цако, од денеска е дел од тимот на Град Скопје. Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека Цако ќе биде ангажиран во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита бидејќи неговите афинитети се насочени токму во оваа област, а неговите познавања за целните групи ќе помогнат во унапредување на социјалните услуги за граѓаните.

– Нашиот нов колега е лице со Даунов синдром, со високо образование, амбициозен и подготвен за предизвици, подготвен да покаже дека лицата со било каква попреченост можат подеднакво да учествуваат во општествените процеси и да се грижат за заедницата. Особено сум горд што како градоначалник учествувам во уривањето на стереотипите и предрасудите поврзани со овие лица бидејќи сметам дека сечиј капацитет може да се искористи и соодветно да придонесе за развој на општеството. Многу често досега, особено во изминативе две години преземаме активности со кои докажуваме дека овој град се грижи за сите свои граѓани без исклучок и подеднакво ги вреднуваме. Во тој контекст, минатата учебна година за прв пат Град Скопје додели парична награда за првенци на генерација од градските средни училишта во категорија за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузијаta. Со тоа, на лицата со попречености им овозможуваме еднакви можности за натпревар и признавање на успесите. Исто така за прв пат обезбедивме и стипендии за средношколците со попречености како и образовни асистенти кои им помагаат во наставата. Ваквите чекори покажуваат дека ги препознаваме можностите кај секој човек без разлика дали се соочува со некаква попреченост или не, овозможуваме еднакви шанси за сите и вложуваме за нивен личен и професионален развој – рече денеска Шилегов.

Тој потсети дека Градот Скопје изминативе две години реализираше многу нови активности за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост и активно се вклучи во деинституционализацијата преку поддршка на малиот групен дом и обезбедување услуги во домашни услови за социјално ранливите категории на граѓани.

– Мојата заложба и улогата на Град Скопје за развој и унапредување на инклузивното општество се поддршка за создавање еднакви услови за живот за сите наши сограѓани. Апелирам до сите, да даваме шанса без дискриминација, да се отвориме кон различнoстите и да дозволиме вредноста на секој поединец да биде еднакво третирана и признаена. По некоја случајност, првиот работен ден на Цако е всушност и негов роденден. Цако, среќен роденден и добредојде во Град Скопје – пожела градоначалникот Шилегов.

Цако денеска се заблагодари на укажаната прилика и рече дека ќе придонесува со своето искуство од областа на социјалните работи стекнато во повеќе европски земји. Тој особено се заблагодари на својата сестра Марија и на своето семејство  од кои ја добива најголемата поддршка.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ