Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска во заедничка прес-конференција со директорот на пензискиот фонд Шаип Зенељи и претседателката на здружението на пензионери Станка Трајкова го објавија покачувањето на пензиите во февруари месец за јануарска пензија. Царовска истакна дека покачувањето е во износ од 722,00 денари и со истото се опфатени 324.000 пензионери.
https://www.facebook.com/VladaMK/videos/658777347993436/
„Ова зголемување доаѓа по стабилизација на пензискиот систем кој се случуваше во изминатите 2 години , но секако дека ова покачување се базира и на приходите на работоспособното население, односно на покачувањето на минималната плата и просечната плата“, истакна Царовска.
С. М. Ж.