• Latest

Царовска: Словенечките искуства ќе помогнат да донесеме добар Закон за работни односи

May 23, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска: Словенечките искуства ќе помогнат да донесеме добар Закон за работни односи

May 23, 2018 11:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика организира работилница на тема „Реформи на пазарот на труд во Република Македонија – Што можеме да научиме од искуството на Словенија?“ како дел од дебатата за реформи на пазарот на труд и донесувањето нов Закон за работни односи, кој треба да се усвои до крајот на годинава.

Министерката Царовска, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, оцени дека постоечкиот комплексен Закон за работни односи не укажува доволно јасно на заштита на работничките права и на обврските на работниците и работодавачите. Сите овие недостатоци во пазарот на трудот играат економска и социјална улога за тоа какво општество сакаме да градиме. „Во процесот на носење нов закон се потребни анализи од аспект на микроекономски индикатори, за што земјава добива експертска поддршка од Светска банка. Но, од друга страна, очекувам синдикатите и здруженијата на граѓани да ја дадат другата перспектива за овој закон да даде максимална заштита на работниците. Целта е да добиеме добар баланс помеѓу едното и другото, затоа што ниту една држава не успеала да го развие пазарот ако има преригиден закон за едната или за другата страна, изјави Царовска.

Консултантите Јан Рутковски и Милан Водопивец ги презентираа предизвиците поврзани со законската рамка во Македонија и искуството и резултатите од реформата на пазарот на труд во Словенија. Во однос на тоа, министерката Царовска посочи дека покрај националните капацитети за подготовка на новиот Закон за работни односи, позитивно е вклучувањето на експерти од регионот, кои веќе го поминале овој процес и низ социјален дијалог донесле паметен закон, кој што обезбедил заштита и почитување на обврските од двете страни.(МИА)

Tags: Закон за работни односиМила ЦаровскаМТСПработилницареформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ