• Latest

ЦЕФТА: Во земјава 51 компанија има меѓународна ознака „ОЕО“ – за овластен економски оператор

August 10, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЦЕФТА: Во земјава 51 компанија има меѓународна ознака „ОЕО“ – за овластен економски оператор

August 10, 2023 09:43
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Северна Македонија вкупно 51 компанија има меѓународна ознака „ОЕО“ (овластен економски оператор) за доверливост и усогласеност со законодавството. Ознаката ја доделуваат царинските органи на бизнис субјекти кои исполнуваат голем број пропишани критериуми и кои, потоа, имајќи го „ОЕО“, на меѓународниот пазар се препознаени како доверливи.

Според Секретаријатот на ЦЕФТА, во Србија ознака „ОЕО“ стекнале 27 компании, во Косово и Албанија по 10, а во Црна Гора четири.

Намалениот број контроли, пократко задржување на камионите, побрз транспорт и намалени деловни трошоци, се само некои од придобивките на „ОЕО“ компаниите.

-Придобивките од оваа програма се големи: забрзување на царинските постапки, намалување на деловните трошоци, заштеда на време, а важна придобивка е препознатливоста на терен, бидејќи тоа значи дека е сигурен пазарен партнер за царинската служба. Во овој поглед, учеството во меѓународните трговски синџири често е условено со добивање статус на ОЕО. Она што е важно е дека кога ќе се исполнат условите за програмата да биде препознаена на ниво на ЦЕФТА-регионот, компаниите можат да ги користат придобивките што им ги носи статусот во сите страни на ЦЕФТА. Со поедноставување на процедурите и почитување на единствени правила, се стремиме да го поврземе пазарот на ЦЕФТА што е можно повеќе. Примената на програмата на овластени економски оператори, како и нивното меѓусебно признавање е многу значајна во процесот на исполнување на нашите приоритети, а тоа се регионални како и интеграција на ЦЕФТА економиите на единствениот европски пазар. Затоа почитувањето на стандардите на ЕУ е клучниот услов за признавање на оваа програма на ниво на ЦЕФТА, посочуваат од Секретаријатот.

Секретаријатот додава и дека примената на критериумите за добивање статус на овластен економски оператор ја прави трговијата побезбедна, побрза и поефикасна, а крајниот резултат е производите и услугите побрзо да стигнуваат до потрошувачите.

-Постојат два вида одобренија, „овластен економски оператор“ со одобрување за царинско поедноставување кое му овозможува на корисникот на одобрението да користи одредени поедноставувања во согласност со царинските прописи (ОЕОЦ) и „овластен економски оператор“ со одобрување за безбедност и сигурност кое му овозможува на корисникот на одобрението да користи извесни поедноставувања поврзани со сигурноста и безбедноста (ОЕОС). Двата типа одобренија може да се користат истовремено како комбинирано одобрение ОЕОЦ/ОЕОС, објаснуваат од Стопанската комора на Црна Гора.

Според Комората, за ОЕО програмите на ЦЕФТА страните да бидат признаени, мора да ги развиваат и имплементираат на идентичен начин како што е тоа во ЕУ.

-ОЕО компанија во една страна на ЦЕФТА има ист третман како ОЕО компанија во друга ЦЕФТА страна, т.е. нејзиниот ОЕО статус стекнат во ЦЕФТА страната А е признат во ЦЕФТА страната Б. Затоа, овие компании ги уживаат истите придобивки што им ги носи овој статус, во сите страни на ЦЕФТА чии програми на ниво на ЦЕФТА се потврдени/валидирани како идентични со оние во земјите членки на ЕУ. Најконкретна придобивка е намалениот број контроли, бидејќи е компанија од доверба на царинските управи, додека статусот на ОЕО на премините значи пократко задржување на камионите, побрз транспорт и со тоа намалени деловни трошоци. Откако црногорската програма ќе биде признаена на ниво на ЦЕФТА, компаниите со овој статус ќе имаат еднаков третман во сите други страни на ЦЕФТА, наведува Комората.

Концептот „овластен економски оператор“ е воведен од Светската царинска организација и базира на партнерство помеѓу царинските органи и економските оператори. Кога економскиот оператор, вклучен во синџирот на меѓународна трговија, исполнува одредени критериуми, тој добива статус на ОЕО, што истовремено означува и највисоко ниво на доверба.

Процесот на одобрување ознака „ОЕО“ е тежок и може да потрае неколку месеци. Добивањето статус бара дополнителни напори од страна на компаниите – почитување на прописите, собирање документација, па дури и технолошки инвестиции за исполнување на строгите критериуми.

-Потребно е да има целосна деловна усогласеност со царинските и даночните прописи на подолг временски период, докажана финансиска ликвидност, уредно сметководство и лесен пристап до сметководствената евиденција, постоење на систем кој овозможува откривање на неправилности и измами, архивирање на евиденција и заштита од губење на податоци, исполнувајќи ги соодветните стандарди безбедност и сигурност. Другите услови се однесуваат на високо ниво на доверливост и квалитет на деловните процеси, како и на системот за внатрешна контрола. Довербата и безбедноста се клучни зборови во овој процес. Затоа економскиот оператор мора да исполнува услови кои, меѓу другото, вклучуваат почитување на строгите правила поврзани со заштита од нелегален упад во објекти, како и процедури кои ќе воспостават доверливи односи со деловните партнери заради заштита на меѓународната трговија. Исто така, неопходно е да има јасни и доверливи проверки на потенцијалните вработени кои ќе работат на безбедносно чувствителни места, објаснуваат од Секретаријатот на ЦЕФТА.

Tags: ОЕОЦЕФТА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ