поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
ЦЕНАТА НА ДОГОВОРИТЕ
Нема потреба цената што се плати за договорите со Грција и Бугарија, сега да ја платиме уште поскапо и за законот за јавното обвинителство.
Ако и тоа се случи, на Заев нема да му се прости.
НАЈГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА
Никола Кљусев на МПЦ ѝ додели 11.000 квадратни метри државно земјиште на кое со пари на јавни претпријатија се изгради величествен манастир. Тоа е, не само најголема, туку и единствена инвестиција во последните најмалку 40 години на Попова Шапка.