Шпанскиот фоторепортер Емилио Моренати ги посети украинските болници. Тој се сретна со луѓе кои ги загубија своите екстремитети поради руската инвазија на Украина, и направи серија фотографии кои ги прикажуваат ужасите на војната и последиците од руското бомбардирање врз цивилни цели. Целата сторија со фотографиите на Емилио се објавени на АБЦ Њуз.
Емилио Моренати е шпански новинар, стациониран во Барселона, добитник на Пулицерова награда за фоторепортер и главен фотограф за Асошиетед прес. Емилио ја изгубил ногата пред 13 години за време на неговата работа во Авганистан.
Подготви: Д.Мишев