Граѓан(к)ите на општините Центар и Чаир на инфо-штандовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода имаа можност да ги напишат своите ставови, мислења, размислувања за престојниот референдум.
Поголемиот дел од граѓаните на општина Центар сметаат дека на 30 септември секој треба да излезе на референдум и да го искористи своето право на глас.
„За подобра Македонија и за работа, инвестиции и сè друго што е добро“, „Ни требаат промени на подобро!“, „Македонија има иднина само ако влезе во ЕУ“… беа само дел од пораките на граѓан(к)ите на Центар.
Но, имаше и мал број на граѓани кои сè уште сметаат дека нема да има референдум или дека ќе бојкотираат, децидно одбиваа да напишат јавна или анонимна порака и да ја стават во импровизираната кутија за гласање.
Во Чаир граѓан(к)ите се децидни дека ќе излезат на раферендум и ќе гласаат.
„Ни треба промена за подобро на Македонија“, „Името се изговара не се преговара“, „Ќе гласам за да не ни бегаат децата во странство“… се дел од пораките на чаирчан(к)и.
Настаните се дел од проектот „Гласам, значи постојам“ кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.
Дехран Муратов
Фотографија: Мелиса Муриќ