Централната изборна комисија појасни дека граѓаните на Косово кои не се регистрирани како гласачи надвор од Косово за да гласаат во ниту едно од дипломатските претставништва, нема да можат да гласаат во овие мисии на 8 февруари 2025 година, пренесуваат косовските медиуми.
Вакво појаснување даде портпаролот на ЦИК, Валмир Елези, кој рече дека Избирачкиот список надвор од Косово ги содржи само имињата на граѓаните кои се пријавиле за гласање во кое било дипломатско претставништво.
Вкупниот број гласачи пријавени за гласање во 30-те дипломатски претставништва на Република Косово е 20.324 гласачи.
„Во дипломатско претставништво можат да гласаат само граѓаните на Косово кои го избрале овој начин на гласање во моментот кога се регистрирани како гласачи надвор од Косово, во периодот на регистрација од 29 август до 26 декември 2024 година. Така, во Избирачкиот список надвор од Косово, кој се испраќа до дипломатското претставништво, има само имиња на граѓани кои се пријавиле за гласање во кое било од дипломатските претставништва“, објави Елези.
Според него, на денот на гласањето на 8 февруари, избирачот што е пријавен за гласање во дипломатското претставништво може да се идентификува преку документот за идентификација издаден од Република Косово.
Д. Т.