• Latest
Зоран Заев и Алексис Ципрас за време на потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици

Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа и порача ЕУ да покаже кредибилитет

September 25, 2024

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа и порача ЕУ да покаже кредибилитет

September 25, 2024 13:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Зоран Заев и Алексис Ципрас за време на потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици

Зоран Заев и Алексис Ципрас за време на потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици

Share on FacebookShare on Twitter

Ако Европската Унија се покаже некредибилна во однос на своето ветување за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во неговиот говор откако му беше доделена наградата за мир за Договорот од Преспа од грчка организација, јави дописничката на МИА од Атина.

За значењето на Договорот од Преспа, за потребата да се почитува од новата власт во Северна Македонија, но и за ЕУ перспективата и важноста за целиот регион, говореше, меѓу другото Ципрас откако ја прими наградата за мир „Никос Никофоридис“, што од 2018 година ја доделува мировната организација „Опсерваторија на меѓународни организации и глобализација“, а оваа година беше награден поранешниот грчки премиер за договорот со нашата земја.

Посочи дека Договорот од Преспа „има особена важност“ и дека не смее да се дозволи „да се изгуби моментумот создаден за европската перспектива на регионот“.

– Како што неодамна кажавме со Зоран Заев, треба јасно да ставиме до знаење дека единствениот пат не само за европската иднина, туку и за иднината на самата Северна Македонија како земја е почитувањето на Договорот од нејзиниот нов политички и државен врв, рече Ципрас.

Додаде дека „ова, сепак, не е доволно“, бидејќи потребно е да се врати моментумот за ЕУ интеграцијата на регионот.

Објасни дека за неколку дена ќе биде Белград со Комитетот за Западен Балкан на Советот на Европа, каде што, како што рече, ќе има можност да истакне дека „во време кога дестабилизацијата се интензивира, не смееме да дозволиме Балканот да стане неконтролирана арена за натпревар на сили“.

– Не треба да дозволиме национализмот уште повеќе да тлее во регионот. Треба да го вратиме моментумот на европската перспектива создадена со Договорот од Преспа, извлекувајќи го регионот од стагнацијата во која беше во 2018 година. Договорот што претставува модел за решавање на спорови за Западен Балкан, бидејќи докажа дека постои пат до заемно прифатливи решенија кои ги бранат националните интереси, а истовремено промовираат мир. И ако Европската Унија се покаже некредибилна во однос на своето ветување за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила,

Ципрас говореше и за останатите прашања од грчката надворешна политика, на почетокот на неговиот говор коментираше дека е непријатно да примаш награда за мир среде крвави војни, но и дека „можеби тоа е и можност да се разбере дека борбата за мир не е бесмислена, застарена или чудна“.

Наградата за мир е во спомен на борецот за мир Никос Никифоридис, кој на 23-годишна возраст го предводеше Мировниот младински фронт во 1950 година, кој во Грција го ширел апелот од Стокхолм за укинување на целото нуклеарно оружје, по што бил уапсен, казнет со смртна казна и егзекутиран на 5 март 1951 година во Солун.

Ципрас рече дека е голема чест за него што ја добива конкретната награда што го носи името „на младиот член на младинската организација, кој остана парализиран и слеп“ и кој беше погубен „под обвинение дека собираше потписи за мир“.

Конкретната награда за мир оваа година освен на Ципрас им беше доделена и на двајца претставници на движењето за обединет Кипар. 

Tags: Алекис Ципраснаграда за мирпреспански договор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ