• Latest

Цицачи на државниот буџет

February 1, 2019

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Цицачи на државниот буџет

February 1, 2019 12:01
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Од овие вработениве, ние невработените не можеме место да најдеме по кафичите!“ – ми вели пред некој ден една другарка, инаку позната интелектуалка и новинарка, невработена. Колку и да е духовита оваа досетка, таа зборува за горчливата вистина дека најголемите експлоататори на граѓанките и граѓаните се сто и пет-шеесетте илјади (и повеќе) цицачи на државниот буџет. Администрација! Нема што да работи, а и да има, не работи.

Џабир Дерала

Кафулињата се преполни со нив. Може да се препознаат. Нивната партиска определба и не толку, колку што е очигледно дека се цврсто закачени на големата крава молзница – државната каса. Исто изгледаат, исто зборуваат, исто се облекуваат, прават исти движења додека прават исти празни муабети или склучуваат исти матни бизниси.

Околу две третини од државниот буџет одат на плати за администрацијата. Тие пари ги плаќаме ние. Што добиваме за возврат? Добиваме илјадна војска што малку или воопшто не работи, набутана во апсурдно поставениот систем, од фотокопирџии до референтчиња и разно-разни леви сметала. И верна на партиите, не на оние од чија уста го крадат лебот.

Кога ќе ги погледнете нивните плати, најголем дел од нив се слабо платени. И крајно неправедно е да бидат така потценети наставниците, лекарите, полицајците, пожарникарите, војската, помошниот персонал… За разлика од нив имаме на грбот цели десетици илјади (!) бирократи кои и да ги платиш една жолта пара, како да си ја фрлил во вода.

И, најтрагично од сѐ, до денешен ден не знаеме колку од нив навистина доаѓаат на работа. На министерот Манчевски му требаа повеќе месеци да ги добие вкупните бројки на вработени во над 1.500 институции што се на товар на скромните семејни буџети. И кога се открија некои бројки на бирократски шрафчиња што никогаш не се појавиле на работа, оправдувањето беше дека законот не дозволува да се избркаат од работа.

Хм… Сигурен сум дека и за нив важи Законот за работни односи: „Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот: Ако работникот неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година; го злоупотреби боледувањето…“

Па, како тоа? Зарем државата континуирано го крши законот? Е, да, (не)познат број луѓе со години се вткаени во системот, седат дома и земаат плата.

На ова место ќе прекинам и ќе заминам од кафулето од кое обично ви ги испраќам моите „рафали“ и ќе одам на друго, потивко место. Денеска е петок, бирократите излегуваат уште во 10 на пауза, затоа што порано и заминуваат од своите (без)работни места.

Добро прашање е зошто не се применува законот. Уште подобри прашања, за кои дискутирам со еден познат експерт за финансии, би биле: Што е потребно за некој да ве стави на платниот список, а да седите дома? Треба ли тоа да бидат посебни заслуги во партијата? Или има уште некој критериум, етнички, социјален, образовен?

Многумина ќе кажат дека етничкиот критериум за добивање такво супер повластено „работно“ место „по дома“ е пресуден. А таму е и причината за дополнителен раздор меѓу луѓето, предрасудите дека некои се „паразити“, а сето тоа под плаштот на правичната застапеност.

Грујо Серекеш на времето вработуваше Албанци и по нешто Роми да седат дома, а за секој (понижувачки) вработен Албанец, додаваше десет пати повисока бројка, не многу подостоинствено вработени, Македонци меѓу кои, исто како и кај Албанците и Ромите, има и такви што седат дома со години. И така во недоглед. Цели министри и директори не одат на работа! Само нивните плати може да спасат десетици животи на деца оваа година. А кога би се исчистиле сите што го минуваат својот удобен живот во јаслите на државата, сите останати што навистина се потребни и работат, може да добиваат попристојни плати, а системот да функционира подобро. И довербата на луѓето во институциите да биде поголема.

Но, што зборувам јас? Сонувам ли, што ли? И тоа, спроти изборен процес… Не сум арен изгледа нешто. Да одам на преглед треба. Многу сум станал нервозен во последно време… Но, мислам дека сум во право.

Наместо новата власт да го спроведе законот и да ја земе големата метла за чистење на бирократските шрафчиња, непотребни и штетни до лудило, си ги задржа. А со тоа задржа и една сериозно голема партиска војска што работи токму против неа, формира паралелни структури за следење и опструкции, за црна пропаганда и што ти не. А тертипот на новите вработувања, како што слушам, не е (многу) поразличен од порано. За да се задоволат апетитите на испостените СДСМ-овски ешалони, а уште повеќе на коалиционите цицачи, се полни бирократскиот апарат, а се празни џебот на даночните обврзници.

Кога налетувам, во време на долгите паузи на партиско-бирократските цицачи во кафулињата, на рамениците понекогаш чувствувам погледи полни со презир (не ме гледаат во очи). Носам црно, па како и првутот, лесно може да се забележи. Ги тргам со еден ноншалантен потег на раката и седнувам на кафе. И го чекам мигот кога презирот ќе се претвори во страв. А граѓанките и граѓаните ќе имаат поубав живот. Хм, изгледа ќе почекам подолго време.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Фотографија од Авторот: Б. Јордановска

Share236Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ