• Latest

(ВИДЕО) ЦИВИЛ 7: Декретот на Бајден, самит на Г-7, младите за европски вредности

June 14, 2021
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025
Фото: wikimedia commons

Санкциите на Трамп се „шок“ за Москва, можат да им нанесат „сериозен удар“ на нафтените гиганти

October 24, 2025

Додик повеќе не е претседател на Република Српска – пораз или победа на неговата политика?

October 24, 2025

ЕУ ги оцени локалните избори во Северна Македонија како конкурентни, но во високо поларизирачки политички амбиент

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина и Индија го ограничуваат купувањето руска нафта откако Трамп воведе санкции за Роснефт и Лукоил

October 24, 2025
Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги прекинува трговските преговори со Канада поради реклама

October 24, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(ВИДЕО) ЦИВИЛ 7: Декретот на Бајден, самит на Г-7, младите за европски вредности

June 14, 2021 16:55
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден ја одбележа неделата со својата Извршна наредба: Непочитувањето на договорите како Преспанскиот носат дестабилизација

Преспанскиот договор со Грција и Охридскиот рамковен договор се најдоа на листата на САД на клучни договори од регионот, кои доколку не се почитуваат и спроведуваат може да доведат до дестабилизација. Ова стана јасно откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша нов декрет со кој им забранува влез во САД на сите лица што од Западен Балкан што нема да ги почитуваат овие договори, а воедно и ќе им го конфискува имотот на територија на државата.

За одговорни се сметаат оние што ги прекршиле договорите за регионална безбедност и мир, како Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор, Резолуцијата 1244 и Дејтонскиот договор.

Младите, граѓанското општество, европските вредности – (не)возможна мисија

ЦИВИЛ 7 е редовен видео прилог на ЦИВИЛ Медиа, во кој, секоја седмица се отсликуваат активностите и работата на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Еднаш седмично, тимот на ЦИВИЛ се осврнува на најглавните случувања во државата, како и на активностите кои редакцијата секојдневно ги извршува.

Оваа недела зборуваме за европските вредности како реална перспектива, младите како нејзини двигатели, декретот на претседателот на САД Бајден за дестабилизација на регионот доколку не се почитуваат клучните договори и за самитот на седумте најразвиени земји.

ЦИВИЛ минатата недела одржа две панел дискусии , „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?“, на кој учествуваа Лепа Џундева, новинарка во ТВ24 и уредничка на емисијата „Европат“, активистот Тефик Махмут и Самет Шабани, Хоризон Цивитас, и „Младите и европските вредности“ Учесници на панелот беа Билјана Арсовска-комуниколог, Андреј Стојкоски-Национален младински совет на Македонија и Билјана Стојческа-Младински сојуз Крушево.

 За Џундева, Махмут и Шабани на панелот на ЦИВИЛ: Европските вредности се достижна цел.

„Според она што го имаме во моментов како една слика е дека граѓаните сакаат да чекорат напред кон ЕУ но возот се движи бавно, не само во однос на политиките на ЕУ и аспирациите наши, туку и во однос на промените кои мора да почнат од самите нас“, рече Лепа Џундева.

Лепа Џундева

„Треба да се разликува меѓу европски вредности европски принципи.  Тоа што се гради ѕид меѓу една етничка група не е во согласност со правниот поредок во државата и европските вредности“, нагласи активистот за човекови права Тефик Махмут.

Тефик Махмут

„Што се однесува на граѓанското општество, сметам дека граѓанското општество беше еден од главните столбови за промените во последните 7-8 години кога и почнаа првите чекори против тогашната власт, и од тука произлегува таа разлика и свесност и тоа што денес го нарекуваме европски вредности. И во европските земји на промена почнаа за почитување за веќе нарушеното достоинство“, изјави Самет Шабани.

Самет Шабани

Стојческа, Арсовска и Стојкоски на панелот на ЦИВИЛ за младите и европските вредности се изјаснија дека Младите ги поседуваат европските вредности, не смеат да кренат раце од промените

„Младите луѓе се запознаени со европските вредности, веруваат во тие вредности и ги применуваат во нивното секојдневно живеење. Има мал број на млади кои не знаат дека ги носат и применуваат токму европските вредности. Националниот младински совет е составено од млади луѓе кои веруваат во европските вредности, и создавањето на НМСМ е токму заснована на демократијата и солидарноста“, истакна Андреј Стојкоски од Национален младински совет на панелот на ЦИВИЛ: „Младите и европските вредности“.

Младите и европските вредности

„Имав можност да студирам во Словенија и имав прилика да научам многу повеќе за европските вредности. Кога на 18 години отидов во Словенија имав потешкотии да се прилагодам. Промените што се случуваа во  време на Шарената револуција ја следев од таму. Во однос на дигитализацијата, имаме можност да растеме. Нема оправдување дека не може нешто да се смени и да кренеме раце. Не смееме да кажеме „пиши пропало“, мора да се бориме за поздрава средина и поубави можности“, изјави Билјана Арсовска на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Младите и европските вредности“.

Билјана Арсовска

„Јас сум голем поддржувач на младите луѓе. Јас за разлика од младите луѓе, јас верувам дека младите се сегашноста, всушност иднината. Сигурно треба да веруваме дека се иднината, но јас велам дека се сегашноста и сум силно убедена дека ние го креираме тој контекст, ако зборуваме од контекст на младите, младите го креираат тој контекст за можности, негување и промоција на европските вредности. Јас би рекла, ајде ние што правиме за младите луѓе да можат да ги развиваат, промовираат овие европски вредности во нашиот контекст. Ние како организација, вие како медиум и организација, сите заедно што правиме?“, изјави  Билјана Стојческа од Младински сојуз на  Крушево, на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема младите и европските вредности.

Лидерите на Г-7 се согласија за вакцините, климатските промени и за глобален даночен систем

Минатата недела започна самитот на групата седум најразвиени земји (Г-7) во Лондон. Тридневниот Самит на Седумте најразвиени индустриски земји (Г-7) во Корнвол заврши со заедничката декларација во која се наведува дека Г-7 идната година ќе донира една милијарда вакцини против Ковид-19, ќе обезбеди повеќе пари за борбата против климатските промени и ќе се воведе глобален минимален данок од најмалку 15 отсто за мултинационалните корпорации.

Едиторијал

Во новата рубрика Едиторијал, Џабир Дерала зборува за тоа дека младите не само што разбираат што се европските вредности, туку и знаат како да ги негуваат и унапредуваат.

Младите знаат! Општеството е поларизирано, а деструктивните и антизападни структури сè уште се присутни и моќни, за да можеме да здивнеме сите заедно, а најмногу младите. Долг е патот пред нас, преполн со предизвици. Европските вредности не се недостижни, тие се вткаени во мислите и однесувањето на младите. Европската иднина е веќе во нивните раце, но има премногу грабливи погледи кои сакаат да им ја одземат. Меѓу нив се луѓе од мојата генерација, но и многу нивни врсници, тотално отруени од моите врсници.

Ирена Крџиќ

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ