• Latest

ЦИВИЛ: Борбата против корупцијата е борба за човекови права и слободи

December 9, 2022
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

ЦИВИЛ: Борбата против корупцијата е борба за човекови права и слободи

December 9, 2022 14:23
in АНТИКОРУПЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода со години интензивно ја следи корупцијата, со посебен фокус на политичката корупција. Мониторингот најчесто е дел од долгорочниот мониторинг на состојбата на човековите права, политичките, а особено изборните процеси. За жал, корупцијата е составен дел од политичкото или поконкретно партиското битисување и обидите да се соберат политички поени и стекнување со неприкосновена моќ за одржување на власта. Изборите се окосница на сите политички процеси и се јасен показател како (ќе) изгледа практикувањето на власта.

Државите формираат институции што се борат проти корупцијата. Антикорупционерите, во принцип, треба да се неутрални, објективни и вистински независни од политички, бизнис, институционални, партиски и други влијанија. Како контролори, тие имаат право да покренуваат истраги од кои не смеат да бидат имуни функционерите, вклучително и претседателот или премиерот на една држава.

Сегашниот состав на Државната комисија за спречување на корупција се формираше на 8 февруари 2019 година. На нејзиното формирање претходеше ново законско решение што предвидува повисоки ингеренции на членовите на Државната комисија за спречување на корупција, што подразбира и увид во сметките на политичките парии и ревизорските извештаи и покренување на постапки пред надлежните органи по однос на наодите од партиските финансирања. Она што беше клучно во самите измени беше неможноста членови на Антикорупциска да бидат поранешни пратеници, членови на Влада или политичка партија, но ниту оние што некогаш биле донатори на некоја политичка партија.

Овие мерки се преземаа поради, во тоа време,  високиот степен на корупција во Антикорупциска, со оглед дека самиот поранешен претседател Игор Тантуровски ја отсликуваше реалната функција на ДКСК низ годините. ЦИВИЛ пишуваше за конфликтот на интереси и двојната функција на Тантуровски, како претседател на ДКСК и заменик претседател на ЈЗУ Здравствен дом Железничар, како и за неговите невистинити околу ревизорскиот извештај за 2017 година, конечна верзија на 26 јануари 2018. Според, информациите базирани врз наодите на овој извештај, ЦИВИЛ, тогаш, посочи дека се извршени исплати врз основа на неверодостојни патни налози, при што ненаменски се исплатени буџетски средства, нема евиденција за работното време на членовите на ДКСК, неверодостојни патни налози, нејасна употреба на возила во лична сопственост за службени цели, нема процедура за репрезентација, а исплатени се репрезентативни трошоци…, за кои во медиумите Тантуровски тврдеше дека се извадени од контекст и дека не се чувствува одговорен.

Како свој придонес во борбата против корупцијата ЦИВИЛ објави публикација за антикорупцијата односно предизвиците што ги носи борбата против корупцијата. Публикацијата претставува избор од содржини објавени во рубриката МИСЛА на www.civilmedia.mk од крајот на 2017 до средината на ноември, 2018 година.

Сегашниот состав на ДКСК се соочи со многу предизвици, пред се што нивното формирање се совпадна со претседателските избори во 2019 година, предвремените парламентарни избори во 2020 и локалните избори во 2021, период од три години на разобличување случаи поврзани со политичкото финансирање и корупцијата.  Исто така, ЦИВИЛ во своето мониторирање на изборните процеси, посвети големо внимание и на политичкото финансирање и индикациите за корупција.

ЦИВИЛ останува буден и активен, како во мониторингот, така и во преземањето конкретни чекори и иницијативи во насока на јакнење на јавната свест и барање за целосна посветеност во борбата против корупцијата.

ЦИВИЛ уште еднаш ја упатува пораката: Борбата против корупцијата е борба за демократија и човекови права и слободи!

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ