• Latest

Тантуровски фатен во судир на интереси

March 2, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тантуровски фатен во судир на интереси

March 2, 2018 16:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тантуровски на позицијата претседател на ДКСК е од 2016, а од 14 април 2015, како и останатите, член на истата. Претходно бил заменик претседател на ЈЗУ Здравствен дом Железничар, според биографијата, во период 2013-2014.

Но, со малку истражување, се доаѓа до податок дека од таа функција е разрешен на 11 април 2017 година, поради истек на мандатот како претставник на основачот – Владата (Службн весник на РМ, бр. 54/1012), а се именува Драган Ласков. Тенка е линијата, но спомнежот за конфликт на интереси е оправдан.

Имено, при преземање на функцијата член на ДКСК, Тантуровски, според законот мора да пополни анкетен лист и изјава за интереси, врз основа на Законот за спречување судир на интереси.

Од информациите со кои располага ЦИВИЛ, на прашањето дали извршува јавни овластувања и должности освен како член на ДКСК, Тантуровски одговара со НЕ. 

Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом Железничар, се сосотои од членови од тројца претставници од основачот т.е. Владата и двајца претставници од здравствениот дом.

Во сегашниот Управен одбор на ЈЗУ Здравствен дом Железничар, може да се забележи дека не фигурира ни лицето Драган Ласков.  Инаку, ако го изгуглате Ласков, освен во контекст на негово именување и замена на Тантуровски, името се појавува и како претседател на У.З. „Расадник“ , Општина Кисела Вода. Дали се работи за истото лице, допрва треба да се истражи.

Што се однесува до Тантуровски, во изјава за медиумите, вели дека никаде во Ревизорскиот извештај не е посочен лично на одговорност на некои неправилности, а за самиот извештај вели дека немал потреба за објавување бидејќи бил за интерна употреба со насоки каде Антикорупциска треба да се поправи.

Да потсетиме, пред неколку часа ЦИВИЛ излезе со информации дека во самиот извештај има делови во кои токму претседателот на ДКСК се повикува на одговорност: „За нејаснотиите околу намената за трошење и да не говориме, бидејќи не се знае за што се трошеле тие пари, не постојат извештаи. Со оглед на фактот дека ваквите исплати се одлучени на Седница на ДКСК, одговорноста ја носи претседателот Тантуровски“.

Биљана Јордановска

Tags: Игор Тантуровскикофликт на интересиодговорност
Share64TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ