• Latest

ЦИВИЛ ја објави публикацијата „Локални избори 2021: Рововска битка со црната пропаганда и дезинформации“

April 6, 2022

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

ЦИВИЛ ја објави публикацијата „Локални избори 2021: Рововска битка со црната пропаганда и дезинформации“

April 6, 2022 11:04
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ја објавува публикацијата Локални избори 2021: Рововска битка со црната пропаганда и дезинформации во која се објавени извештаи, анализи, коментари на ЦИВИЛ, што произлегуваат од долгорочниот и краткорочниот мониторинг на политичките и изборните процеси.

Оваа публикација е достапна онлајн и е трета од четирите кои се однесуваат на спроведувањето на Локалните избори 2021.

Јавната кампања за Локалните избори кои се одржаа на 17 октомври (прв круг) и 31 октомври 2021 (втор круг), започна многу порано, особено преку црната пропаганда и дезинформациите, преку кои партиите го подготвуваа „теренот“ за изборите, обидувајќи се да мобилизираат поддршка наспроти „непријателот“, но пред сè, да ги оцрнат противниците и да ги неутрализираат нивните поддржувачи во јавноста.

Периодот пред и по Локалните избори, уште еднаш потврди дека Северна Македонија не е исклучок од светскиот тренд, туку, напротив, еден од покарактеристичните примери за општество во кое се одвива „перманентна кампања“ што не престанува со години, а во која преовладуваат пропагандата, дезинформациите и офанзивната реторика.

Во црната пропаганда и дезинформациите, предничеа содржини поврзани за Преспанскиот договор
и прашањето на името, закочените евроинтеграции и преговорите со Бугарија, Рамковниот договор
и пописот, актуелностите поврзани со Ковид – 19 пандемијата, а во овој период земјата се соочи и
со други големи несреќи кои беа искористени и за црна пропаганда и за ширење дезинформации –
како што беше случај со трагичниот пожар во Тетово кој однесе 14 животи, пристигнувањето на
бегалците од талибанскиот терор во Авганистан, како и шумските пожари низ целата земја кои беа
актуелни во текот на месец август, пред официјалниот старт на кампањата.

Бојното поле на кое партиите, со сите дозволени, а честопати и недозволени средства ја биеја оваа
битка најчесто беа медиумите на интернет, таканаречените портали, како и социјалните мрежи.
Најчести облици беа содржини чија цел беше лична дискредитација на кандидатите, како и
вообичаените поларизирачки дебати, со кои е преокупирано општеството години наназад, но и со
актуелни настани кои политичките партии или нивните поддржувачи ги користеа за меѓусебни
напади и пресметки.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ