• Latest

ЦИВИЛ: Масакрот, изгладнувањето, егзодусот и геноцидот во Газа мора да престанат!

May 4, 2025

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА СООПШТЕНИЈА

ЦИВИЛ: Масакрот, изгладнувањето, егзодусот и геноцидот во Газа мора да престанат!

May 4, 2025 15:03
in ВЕСТИ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ бара итно запирање на израелските напади врз цивилите, жените, децата и да се спречи хуманитарната катастрофа и егзодусот во Газа. Итно мора да запре целосната израелска блокада, поради тоа што Газа е на работ на глад. Мора веднаш да запре овој геноцид кој се одвива пред очите на светот. Како и досега, ЦИВИЛ ќе продолжи гласно да зборува за правата на живот на Палестинците кои дадоа огромен број цивилни жртви, меѓу кои најголем дел се жени и деца.

Во израелските напади врз Газа од октомври 2023 година, загинаа над 61.000 Палестинци, од кои над 17.000 се деца, а ранети се 117.905 лица, според палестинските власти.

ЦИВИЛ со крајна загриженост ги следи случувањата на Блискиот Исток, по нападот на терористичката организација Хамас во Израел и војната што изби на 7 октомври 2023 година. На овој терористички акт, Израел одговори со секојдневни жестоки бомбардирања врз Појасот Газа и брутални рации во Западниот Брег, со ужасни жртви меѓу цивилите.

ЦИВИЛ го повторува повикот за итен прекин на огнот и целосно и непречено отворање на сите патишта за хуманитарна помош за настраданото население во Појасот Газа.

ЦИВИЛ упати остра и недвосмислена осуда за терористичкиот напад на Хамас во Израел, каде што брутално беа убиени повеќе од 1.400 луѓе, меѓу кои и жени и деца, а киднапирани беа повеќе од 245 луѓе, меѓу кои и странски државјани. Хамас е одговорен за воени злосторства и киднапирање, со што целосно се разобличи секакво тврдење дека се бори за правда и човекови права, туку дека е брутална терористичка организација и ништо повеќе.

ЦИВИЛ продолжува со осудата и протестот до израелската влада која е одговорна за неселективното бомбардирање и убивање цивили, уништување на критичната цивилна инфраструктура, егзодусот на повеќе од еден милион луѓе под закана со жесток оган, и повикува на олеснување и помош во снабдувањето на два милиони луѓе со храна, гориво, електрична енергија, вода и лекови.

Тврдењата на израелската влада дека води војна против терористичката организација Хамас, не се во согласност со бомбардирањата на недолжните цивили, од кои највеќе страдаат децата, жените, лицата со физичка попреченост и повозрасните, што претставува воено злосторство, а многу елементи упатуваат и на геноцид. Тоа е неприфатлива политика и заслужува крајна осуда.

ЦИВИЛ го повторува, и ќе продолжи да повикува на мир и помирување, заштита на човековите права и почитување на меѓународните договори за заштита на населението во услови на војна. Масакрот мора да престане и да му отстапи место на дијалогот!

ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result