Редакцијата ЦИВИЛ Медиа донесе одлука да направи редизајн на www.civilmedia.mk со цел да им излезе во пресрет на предлозите и очекувањата од сè побројните читателки и читатели. Со нов изглед и неколку нови рубрики, нашата и вашата веб страница ќе биде уште подобра во секоја смисла на зборот.
Ви благодариме на поддршката и на довербата, а секако ве молиме за трпение во текот на наредните неколку денови кога сите заедно ќе се прилагодуваме на новиот изглед и новите содржини.
ЦИВИЛ Медиа останува еден од ретките медиумски простори што секојдневно работат на јакнење на својата независност и отвореност. Секогаш слободни, креативни и прогресивни!