• Latest

ЦИВИЛ на средба со премиерот Ковачевски: Предвремени парламентарни избори се целосно непотребни, би ги загрозиле клучните процеси и стабилноста на земјата

May 12, 2022
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
БАНКАТА НА КОЛЕНА - РЕКЛАМАТА АКТИВНА | снимка од веб страницата на банката на 3 ноември 2026

Алта банка Битола под тримесечна администрација: Тројца администратори, ограничени плаќања и отворени прашања за одговорноста

November 3, 2026
Илијана Јотова, претседателка на Бугарија (Фото: Скриншот од Фејсбук видео)

Јотова избрана за претседателка на Бугарија: Нов мандат, непроменети позиции кон Северна Македонија

November 3, 2026

Среднорочни избори во САД: Трамп пред тестот на гласачите, неизвесна битката за Конгресот

November 3, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ЦИВИЛ на средба со премиерот Ковачевски: Предвремени парламентарни избори се целосно непотребни, би ги загрозиле клучните процеси и стабилноста на земјата

May 12, 2022 08:05
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Петчлена делегација на ЦИВИЛ одржа работна средба со премиерот Димитар Ковачевски на 10 мај. На средбата стана збор за три големи теми како што се мултикултурализмот и имплементацијата на Стратегијата „Едно општество за сите“; руската агресија врз Украина, дезинформациите и пропагандата; и изборите, изборните реформи и прашањето за предвремени парламентарни избори.

Беше постигната согласност за понатамошна соработка во домените на промовирањето на европските вредности, мултикултурализмот, човековите права, борбата против дезинформациите и пропагандата, како и отвореност за учество на граѓанското општество во изборните реформи.

На средбата со премиерот Ковачевски се отворија прашањата поврзани и со актуелното барање на опозицијата за предвремени парламентарни избори, како и со изборните реформи и процесот на подготовка на нов Изборен законик.

ЦИВИЛ го потенцираше својот став дека предвремени парламентарни избори, преку блокада на Собранието, се далеку од пожелни и потребни.

Очигледна е намерата на ВМРО-ДПМНЕ, преку блокирање на Собранието, да ја воведе државата во криза која би резултирала со предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на предвремени парламентарни избори сега повеќе од кога и да е. Понесени од успехот на локалните избори, тие се убедени дека ќе излезат како победници, потенцираа од ЦИВИЛ на средбата. Ова барање сведочи за неодговорност и занемарување на клучните процеси во земјата, ги загрозува интеграциските процеси и стабилноста.

Премиерот Ковачевски се согласи дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, е недоговорно, со цел да генерира дополнителна криза, за да бидат во можност да бараат предвремени избори. Премиерот беше дециден дека нема да има предврмени парламентарни избори и таквите се далеку од потребни.

Барање за предвремени парламентарни избори во ситуација кога нема реална политичка криза, туку таа се предизвикува со блокади, се далеку од пожелни и потребни. Особено затоа што се бараат избори во време кога надминувањето на економската, енергетската, па глобалната криза предизвикана од војната во Украина бараат континуитет, соработка и стабилност. И секако, вклучување на опозицијата во процесите, а не блокади. Таквото однесување во политиката е неодговорно, особено затоа што се настапува во име на граѓаните, а се блокираат демократските институции кои им припаѓаат токму на граѓаните, изјави претставничката на ЦИВИЛ, повикувајќи се на веќе искааниот став во анализата „Нови предизвици за стабилноста на државата: Преку блокада, до предвремени парламентарни избори“

На средбата се разговараше и за изборните реформи, кои во овој момент се важни за нивно финализирање, а според законот од измените во законикот, најмалку 6 месеци не треба да има избори, за поголема промена тој рок се продолжува на една година. Во тек е процес на изборни реформи во кои учествуваат голем број чинители, вклучително и странски експерти и фондации, како и процес на измени во Изборниот законик. Гледајќи и од овој аспект, одржување предвремени избори во моментов се невозможни.

Изборните процеси, а особено предвремените се шок за системот. Тие го поларизираат општеството и штетно влијаат на бизнисот и економијата. Изборите ја одложуваат, а неретко и ја прекинуваат имплементацијата на важни процеси и проекти. И скапи се. Затоа, силна препорака на ЦИВИЛ е изборните процеси секогаш да се одржуваат во нивните редовни термини, потенцираше Џабир Дерала на средбата со Ковачевски.

На средбата се постигна заедничка согласност дека предвремените избори во овој момент не само што ќе го закочат процесот на изборни реформи и други клучни процеси, туку ќе предизвикаат и дополнителни одлагања во носење закони што се во интерес на граѓаните и на државата.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ