На денот на гласање за вториот круг на локалните избори, на 31 октомври, на терен, ЦИВИЛ ќе биде присутен со речиси триста мобилни набљудувачи, а во текот на целиот ден, почнувајќи од 6 наутро, па сѐ до полноќ, ќе бидат отворени канцелариите во кои ќе работат 30 луѓе во четири тимови: координација на мониторингот, примање и обработка на извештаите од набљудувачите, аналитика и односи со јавноста.