• Latest

ЦИВИЛ: Неказнивоста за говорот на омразата мора да престане!

April 17, 2019
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ: Неказнивоста за говорот на омразата мора да престане!

April 17, 2019 14:52
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Соопштение за јавноста, 17 април 2019

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува говорот на омразата силно присутен во дел од предизборните кампањи и во јавната комуникација во изборен контекст. Уште еднаш, ЦИВИЛ ги повикува институциите, пред сѐ, Државната изборна комисија и обвинителството, како и медиумите и целата македонска јавност најостро да ги осудат и да ги отфрлат сите облици и изрази на говорот на омразата во јавните настапи поединци и групи во земјава. Организацијата потсетува дека патеката од говорот на омразата до кривични дела сторени од омраза е кратка и дека последиците се несогледливи.

Мониторингот на ЦИВИЛ утврди дека се употребува експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи, дел од интернет порталите, како и за време на јавните настани што ги организираат политичките структури што ги поддржуваат и промовираат претседателските кандидати. Дел од претседателските кандидати се служат со прикриен, но неретко и отворен говор на омраза. Тоа најчесто се забележува во јавните настапи на кандидатката Гордана Силјановска Давкова и високите претставници на партијата што ја поддржува, ВМРО-ДПМНЕ.

И една од навивачките групи е директно вклучена во кампањата со експлицитен и екстремен говор на омраза. Се работи за навивачката група Комити која на денот на централниот промотивен настан на кандидатот Стево Пендаровски повикуваа на протест против промената на името. Истата група, своето присуство на фудбалското игралиште „Борис Трајковски“ во Скопје го искористија за неконтролирано дивеење на трибините, со експлицитен говор на омраза и повици на истребување на цела една етничка заедница. Самиот спортски настан го „зачинија“ и со физички напад врз еден од играчите на ривалскиот фудбалски тим. Единствената казна за овој срамен чин, како што се навестува, ќе биде парична, упатена на ФК Вардар чии фанови се Комитите.

На митингот на кандидатот Стево Пендаровски, поддржан од над триесет политички партии предводени од владејачката СДСМ, еден од присутните на митингот на кој организаторите му обезбедија микрофон, се закани со пиштол на Државната изборна комисија.

Иако маргинални, групите што се претставуваат под називите „Бојкотирам“ и „Христијанско братство“ се служат со жесток говор на омраза и во два случаја, нотирани од мониторингот на ЦИВИЛ, со отворени закани за ликвидација на премиерот Зоран Заев.

На јавниот настан на Демократската унија за интеграција, мониторингот на ЦИВИЛ нотира екстремно груб настап со говор на омраза на високиот функционер на оваа партија и пратеник во Собранието. На крајот од својот говор, Груби го употреби го името и презимето на Блерим Река, ставајќи го во контекст на дел од погребен ритуал, како последен поздрав до починатиот, а кој го преиначи за свои цели, и кој  гласи: „Блерим, син на Хамза, не на Кастриот, туку на Река“ . Настапот на Груби наиде на смеење и очигледна поддршка од партискиот лидер Али Ахмети и на дел од останатите високи партиски функционери и присутните на настанот.

Безбројни се пораките и коментарите на социјалните мрежи кои содржат вулгарни, груби и радикални изрази кои претставуваат експлицитен говор на омраза што е забранет со закон.

Говорот на омразата не е слобода на говорот, туку негова спротивност. Кампањите се платени од буџетот на државата. Тоа се јавни пари што им припаѓаат на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија. Политичките и други субјекти што се вклучуваат во јавната комуникација немаат право на злоупотреба на социјалните мрежи, медиумите и јавниот простор за ширење на омразата и внесување страв и несигурност кај граѓанките и граѓаните.

Говорот на омразата мора да престане! Секој поединец и формална или неформална политичка или граѓанска групација што шири омраза и повикува на насилство, мора да биде земен на одговорност. Неказнивоста за говорот на омразата мора да престане!

Share235TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ