• Latest
Архива на ЦИВИЛ, прес конференција пред седиштето, јули 2019 година. Фото: Б. Јордановска

ЦИВИЛ: Прес конференција на отворено, за реформи на изборниот систем

July 19, 2019
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

ЦИВИЛ: Прес конференција на отворено, за реформи на изборниот систем

Одговарајќи на новинарско прашање кои би биле предлозите на ЦИВИЛ доколку има предвремени парламентарни избори, Џабир Дерала изјави: „Предвремени парламентарни избори за Република Северна Македонија би биле самоубиство“

July 19, 2019 17:09
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Архива на ЦИВИЛ, прес конференција пред седиштето, јули 2019 година. Фото: Б. Јордановска

Архива на ЦИВИЛ, прес конференција пред седиштето, јули 2019 година. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

„Изборниот модел, изборниот систем во целина во Република Северна Македонија е зрел за сериозни реформи кои треба да траат подолго време за да не се направат сериозни и крупни грешки. И меѓународната заедница и дел од политичките субјекти, но најмногу се разбира граѓанското општество, граѓанките и граѓаните, поточно гласачите се заинтересирани за овие промени. Ние како организација за човекови права бараме од државата да овозможи максимални услови за исполнување на сите човекови права, особено на правото на глас“, изјави Џабир Дерала на прес-конференцијата што ЦИВИЛ ја одржа на отворено, за реформи на изборниот систем.

Упатувајќи апел дека е време веќе нешто да се промени, а не само да се повторуваат препораките, туку да се носат конкретни и функционални решенија, Дерала истакна дека мора да се промени праксата за донесување решенија зад затворени врати, особено за изборниот модел, Изборниот законик, воопшто спроведувањето на изборните процеси. Како што нагласи не може за тоа да зборуваат и одлучуваат само три/четири политички партии, туку мора да се вклучат сите политички партии и да се отвори за целата јавност.

Дерала ги упати главните  препораки за изборните процеси и реформи на ЦИВИЛ како долгогодишна организација што ги следи политичките и изборните процеси во однос на изборниот модел, реформите во ДИК, Изборниот законик, изборната администрација и Избирачкиот список, финансирањето на политичките партии, корупцијата во изборните процеси…

„ЦИВИЛ има сериозни забелешки на финансирањето на политичките партии и политичките кампањи за време на изборите. Иако овој процес е далеку потранспарентен, сепак мора да подлежи на посериозна котрола и построги критериуми за делење на парите на граѓанките и граѓаните, оние што им ги даваат парите на политичките партии“, изјави Дерала.

Одговарајќи на новинарско прашање кои би биле предлозите на ЦИВИЛ доколку има предвремени парламентарни избори, Дерала изјави: „Предвремени парламентарни избори за Република Северна Македонија би биле самоубиство“, истакнувајќи дека во моментот сме во средиштето на еден стратешки важен процес, а тоа се евроинтеграциите, како и членството во НАТО.

Подетално за препораките на ЦИВИЛ: Изборниот систем на Северна Македонија одамна е зрел за коренити реформи

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

 

Share18TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ