• Latest

ЦИВИЛ: Со „консензус“ се води предвремена изборна кампања, темите најчесто се општи, а не локални

September 21, 2021
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ: Со „консензус“ се води предвремена изборна кампања, темите најчесто се општи, а не локални

September 21, 2021 13:37
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

(Скопје, 21 септември 2021) ЦИВИЛ одржа онлајн прес конференција на која соопшти дел од извештаите, анализите и препораките за текот на изборниот процес.

„Некој повешто, а некој помалку вешто, некој со повеќе, а некој со помалку ресурси, но речиси сите партии, а и независните кандидати и листи, консензуално ги „заобиколуваа“ одредбите на Изборниот законик за промотивни активности во предизборието. Учесниците во изборната кампања главно ја почитуваа законската забрана за промовирање на програмите на кандидатите, но, од друга страна, вршеа интензивни промотивни и комуникациски активности“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, цитирајќи еден од извештаите на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.

Според анализите на ЦИВИЛ, се бележи кампања во која голем дел од учесниците во трката за власт на локално ниво, се занимаваат со општи теми, со национални прашања, наместо да говорат за локалните потреби, предизвици и планови.

„Повторно се бележи кампања која како да се однесува на парламентарни, а не за локални избори“ – гласи констатацијата на ЦИВИЛ.

Се води жестока црна кампања, политичките противници се третираат како смртни непријатели, близу 1.000 случаи на говор на омраза

Според извештаите од мониторингот на подготовките на локалните избори што го спроведува ЦИВИЛ преку повеќе специјализирани тимови, во изборната кампања се бележат голем број дезинформации, говор на омразата, навреди и клевети.

„Повторно гледаме политичка кампања каде што политичките противници се третираат како смртни непријатели“ – рече Дерала на прес конференцијата на ЦИВИЛ (21 септември).

Од 15 август до 20 септември, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи близу 1.000 случаи на говор на омраза во изборен контекст на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Говорот на омразата се бележи и кај т.н. инфлуенсери и јавни личности.

Според анализите, главните теми со кои се занимава црната пропаганда, секако, не се понудите на политичките противници, туку лична дискредитација на кандидатите, како и вообичаените поларизирачки дебати со кои е преокупирано општеството години наназад. Во црната кампања се злоупотребуваат и актуелни настани, кои политичките актери или нивните поддржувачи ги користат за меѓусебни напади.

Мониторингот на ЦИВИЛ речиси секојдневно бележи и по неколку случаи на ултранационалистички, ксенофобични и дискриминаторски пораки чии извори или поттикнувачи се јасно препознатливи, а меѓу нив се и дел од политичките партии во земјава, како и нивните поддржувачи и членови.

Еден дел од Интернет медиумите ги преземаат овие содржини и со тоа понатаму го охрабруваат ширењето на омразата и повиците на политичко насилство.

Злоупотреба на деца во политичка кампања

Во извештаите на мониторинг тимот на ЦИВИЛ се бележат и три случаи на злоупотреба на деца во изборна кампања, за што редовно се подготвуваат посебни извештаи.

Нотиран е случајот на злоупотреба на деца од кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ во општина Илинден.

Исто така, нотиран е случајот на пропагандно видео на ДУИ во кое учествува дете. Третиот случај е со злоупотреба на деца во политичка кампања од Алијансата за Албанците.

Се бележат и неколку злоупотреби на деца во политички пораки на поединци, поддржувачи на опозициските партии, на социјалните мрежи. Во некои од тие објави на социјалните мрежи се бележи и говор на омразата упатена до претставници на политичките партии на власт.

Изборната хроника на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ, во рубриката Политички ОК Корал, објавува изборна хроника врз основа на извештаите од Мониторинг тимот и долгорочните набљудувачи.  Во периодот од 19 август до 19 септември, во 16 изданија на изборната хроника на ЦИВИЛ, се известува за 57 активности на политичките партии и независните кандидати за локалните избори.

Во изборната хроника на организацијата се опфатени 18 активности на ВМРО-ДПМНЕ, 16 на СДСМ, 12 на Алијансата за Албанците и Алтернатива, 7 на независните коалиции и кандидати, пет на ДУИ, а останатите партии се застапени три пати. За изборните активности на учесниците во изборната трка се објавуваат извештаи и во секциите Избори, Мониторинг и Информациски хаос, соодветно на природата на настаните поврзани со изборниот процес.

Политичките партии и независните коалиции и кандидати се повикани вкупно девет пати во период од еден месец, да испраќаат информации за своите предизборни активности. Освен три политички партии, никој не се одзва на овој повик, но мониторинг тимовите ги следат предизборните активности од веб страниците, социјалните мрежи и на терен, без оглед на игнорирањето на повиците.

„Тоа е прашање и на транспарентноста“ – изјави Дерала на прес конференцијата на 21 септември.

Кршење на мерките за заштита од КОВИД-19

ЦИВИЛ бележи голем број случаи на кршење на мерките за заштита од КОВИД-19 во целата земја. Одредени политички партии продолжуваат со кршење на мерките за заштита на јавното здравје на своите настани, како што тоа го правеа и во претходниот период.

МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ

Денот на гласањето ќе го набљудуваат околу 300 краткорочни набљудувачи низ целата земја. Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни. Во тек е и повикот за краткорочни набљудувачи, чиј краен рок е 30 септември.

Долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ е поделен во повеќе фази. Од 15 август, од 5 мобилни долгорочни набљудувачи, бројот на долгорочни набљудувачи се зголеми на 9, со вклучување на 4 регионални набљудувачи.

Дополнително, во состав на организацијата функционираат Мониторинг тимот на ЦИВИЛ кој претежно се занимава со мониторинг на интернет медиумите и социјалните мрежи.

На денот на гласањето, прес центарот на ЦИВИЛ ќе започне со работа во 6 часот наутро, а предвидено е да се одржат најмалку 6 прес конференции во живо.

ПОВИК ДО ГРАЃАНКИТЕ И ГРАЃАНИТЕ ДА ПРИЈАВУВААТ ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

На прес конференцијата, ЦИВИЛ ги повика граѓанките и граѓаните да продолжат со пријавување на изборни нерегуларности.

Во името на организацијата, Џабир Дерала се заблагодари на укажаната доверба од голем број граѓанки и граѓани кои соработуваат со ЦИВИЛ и додаде дека пријавите, како и секогаш ќе останат анонимни.

Препораки на ЦИВИЛ

ДЕЦА ЦИВИЛ, како и досега, бара од партиите, но и од родителите да ги почитуваат правата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата и малолетниците никако не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии! За секоја злоупотреба на децата, бараме соодветна законска реакција од институциите и ја повикуваме јавноста остро да ја осуди и отфрли злоупотребата на децата и малолетниците.

ДОБРИ ИЗБОРНИ ПРАКТИКИ Во пресрет на локалните избори, ЦИВИЛ ги повикува сите учесници во изборниот процес максимално да ги почитуваат добрите изборни практики, демократските стандарди и законските регулативи и да придонесат кон слободни, фер и безбедни избори.

ЦРНА КАМПАЊА ЦИВИЛ ги повика политичките партии да ја сопрат црната кампања и да се престане со говорот на омразата и црната кампања. Во таа смисла, ЦИВИЛ повика и да не се злоупотребуваат несреќи и други настани за да се нанесе штета на политичките противници, како што е тоа случајот со трагедијата во Тетово и со спасувањето цивили од Авганистан. Политичарите да престанат со меѓусебната пресметка, навреди и клевети, туку да им се обраќаат на гласачите со пораки за реални и локални прашања и проекти.

ЛОКАЛНИ ТЕМИ Силна препорака на ЦИВИЛ е и кампањата да се води на локални теми, а не на национални теми кои го одвлекуваат вниманието и ги збунуваат гласачите.

ПРИНЦИПИЕЛНОСТ Иако не е забрането според законот, сепак, учеството на високи државни функционери во кампањата, макар и вон работното време, треба да изостане или да се редуцира.

КОВИД-19 ЦИВИЛ повика и на почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

ЛЕГИСЛАТИВА Долгогодишно залагање на ЦИВИЛ е да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и на националните организации кои се занимаваат со изборниот мониторинг и учествуваат во изборните реформи. Во таа смисла, уште еднаш се потенцира препораката промените во Изборниот законик да не се носат во изборен период, односно тие да се носат најмалку шест месеци пред избори.

 


Овој извештај е колективен труд на Координативниот тим на ЦИВИЛ, Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ и тимот на долгорочните изборни набљудувачи на организацијата. На прес конференцијата на 21 септември 2021, извештајот го презентираа Џабир Дерала на македонски и Дијана Тахири на албански јазик.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ