• Latest
Photo by Sam McGhee on Unsplash

ЦИВИЛ: Вербалните напади против медиумите се напад врз слободата на говорот!

January 16, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА СООПШТЕНИЈА

ЦИВИЛ: Вербалните напади против медиумите се напад врз слободата на говорот!

January 16, 2023 12:34
in МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Photo by Sam McGhee on Unsplash

Photo by Sam McGhee on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Цивил – Центар за слобода ги осудува сите облици на дискредитација на медиумите кои многу често потекнуваат од изјавите и однесувањето на дел од политичарите, во директна и индиректна форма. Со премногу леснотија, работата на медиумите се генерализира или се посочуваат одредени новинарски куќи или професионалци како непожелни или злонамерни. Дури и изјавите во кои политичарите индиректно осудуваат одредени медиуми, може да предизвика говор на омраза, па и насилство од нивните поддржувачи.

Во тој контекст, Цивил остро реагира и го осудува говорот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој на трибината на ДУИ во Гостивар, медиумите (Телма и Алфа) ги нарече „непријатели на Албанците“, алудирајќи на состојбата со „огнената група“. Таквиот начин на дискредитација претставува атак врз сите медиуми, а со тоа и врз демократијата и слободата на говорот.

Познато е дека медиумите, интелектуалците и активистите се честа мета на говор на омраза на социјалните мрежи и во дел од медиумите кои се под директна контрола на одредени партии.

Долгогодишна е и праксата на дел од партиите да ги блокираат медиумите што не се под нивна контрола и да одбиваат секаков вид комуникација со нив. Таков е примерот со ВМРО-ДПМНЕ кои со години не одговараат на новинарските прашања од ЦивилМедиа, но и од многу други медиуми.

Грубиот однос на политичарите кон медиумите е неприфатлив и мора да престане. Политичарите и политичките партии имаат обврска да бидат коректни во комуникацијата со јавноста, особено затоа што говорот на омразата и насилството директно произлегуваат од нивниот однос и изјави. Тие служат за пример во јавноста и, како што се однесуваат тие кон медиумите или кон своите политички опоненти, така ќе се однесуваат и нивните поддржувачи.

Без оглед на тоа дали се работи за индивидуално мотивирани напади или се работи за искажување став во име на политичка партија или иницијатива, не смее да се дозволи нетолеранција и малтретирање на новинарските екипи. Тоа е забрането со закон и институциите мора да реагираат соодветно и решително, без оглед на тоа за кого се работи.

Изјавите и повиците на политичарите со кои може да предизвикаат насилство и нетрпеливост кон новинарите, Цивил ги смета за напад врз слободата и демократијата. Ниту еден политичар или политичка партија, не треба да си дозволи напад против медиумите во било која смисла на зборот. Тоа важи и за лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Tags: Медиумислобода на говорот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ