Тимот на ЦИВИЛ денеска како дел од теренските активности одржа и прес-конференција на која се промовираше пректот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ и заложбите за мултикултурализмот во нашето општество.
Тимот на ЦИВИЛ се сретна со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, а оствари средба и со претставници на граѓанските организации и медиумите. На инфо-штандот на ЦИВИЛ граѓанките и граѓаните можеа да се запознаат подетално за заложбите на организацијата за промовирање на европските вредности, антинационализмот и мултикултурализмот.
На прес-конференцијата, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во контекст на војната во Украина, зборуваше и за мониторингот на ЦИВИЛ за дезинформациите, пропагандата и проруското влијание.