ЦИВИЛ во живо со Џабир Дерала, видео прилог во кој ќе слушнете малку повеќе за јавениот настан на тема „Можеме ли заедно?“ на кој ќе стане збор за тоа кои се придобивките кога различните заедници работат и живеат заедно, на 2 јуни (среда), во хотел Парк Резиденс&Спа, зад градскиот стадион во Скопје.
Дерала истакна дека вицепремиерот Артан Груби и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, на вчерашната панел дискусијата на ЦИВИЛ истакнаа дека европските вредности, недискриминацијата и еднаквоста се возможна мисија во нашата држава.
„Политичарите се само еден дел од приказната, треба и граѓаните, граѓанските организации да се вклучат во промовирање на европските вредности. Ние сме соочени во време кога црната пропаганда која најчесто се користи со национализам, со етничка и верска омраза, со лажни вести и дезинформации кои предизвикуваат страв и недоверба, поделби меѓу луѓето… многу е логично да го поставуваме тоа прашање – Дали е возможна или невозможна мисијата да се практикуваат, промовираат и да се усвојат европските вредности, а најважните меѓу нив се мултикултурализмот, недискриминацијата, еднаквоста…“, истакна Дерала.
Дехран Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети