Другарките и другарите од ЦИВИЛ, за Џабир, автор на книгата „Рафал“:
Маја Ивановска: Рафалите на Дерала се моќно оружје за масовно уништување на општествените аномалии.
Дијана Тахири: Незапирлив, неуморен, навремен, во тек, гласен, РАФАЛЕН – Џабир Дерала!
Дехран Муратов: Рафалите на Џабир Дерала „пукаа“ кога беше најпотребно, во момент кога многу луѓе ја „чуваа муницијата“ за да одберат страна, бидејќи се плашеа од режимот на Никола Груевски. Тој со своите рафали „пукаше“ од првите борбени линии. Режимот падна, меѓутоа „рафалите“ за подобро утре и слободно општество за сите граѓан(к)и ќе бидат зачувани во сеќавањата на граѓан(к)ите!
Емилија Балтовска: Секогаш актуелни теми и случувања. Остроумни и прецизни мисли, гласно кажани, без цензура и максимално искрено. Поттикнуваат на размислување и помагаат да дознаеме нешто ново, за тоа што веќе мислиме дека го знаеме.
Ариан Мехмети: Да не беа рафалите на Џабир, немаше да ги дознаеме раните на режимот!
Ермин Климента: На кратко само ќе ви кажам, колумните на Џабир Дерала еден ден ќе бидат во книгите по историја. Тие се објективна анализа за состојбата на земјава низ годините како и во светот. Неговите колумни се задолжително четиво за било кој граѓанин(к)а на државава.
Биљана Јордановска: Живееме во хаотично и трауматизирано општество. И ако сакаме да видиме бел ден, ни треба некој што сѐ уште верува во човечноста. Џабир Дерала ни го дава најмоќното оружје – зборовите… РАФАЛИ на слободата, правдата и вистината. Џабир е фраер. Без влакна на јазикот и превез на очите, рафално ја испука вистината за она што сме и она што можеме да бидеме. Fire at will, comrade Deralla!