• Latest

ЦИВИЛ за „Зелено општество за сите“

May 15, 2021
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

ЦИВИЛ за „Зелено општество за сите“

May 15, 2021 15:43
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заложбите на ЦИВИЛ за зелено општество продолжуваат со новиот проект „Зелено општество за сите“ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел.

Овој проект е своевидно продолжување на идеите за застапување и промоција на зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда, оваа година и во контекст на креирање на локалните политиките во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат во октомври годинава.

Со „Зелено општество за сите“, ЦИВИЛ ќе продолжи со теренските активности и со медиумската продукција за јакнење на јавната свест за единството и неделивоста на зелените вредности, кои подразбираат и почитување на различностите, еднаквоста и мултикултурализмот. Оттаму и називот на проектот „Зелено општество за сите“ кој ја подразбира и поддршката и поврзаноста со Стратегијата „Едно општество за сите“.

Една од основните пораки на овој проект во контекст на локалните избори е да се ослободат локалните избори и, воопшто, локалните политики од националистичките наративи кои ги потценуваат локалните прашања, преку наметнување „високи“ национални прашања кои не се ништо друго освен политичко профитерство.

Преку проектот, ЦИВИЛ ќе продолжи со комуникацијата на идеите за меѓусебната поврзаност на зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда, особено во контекст на креирање локални политики и практики со вистинска грижа за интересите на граѓанките и граѓаните на локално ниво.

Дел од активностите на ЦИВИЛ се состои и во креирање и поставување на локални агенди за локалните избори, наспроти националистичките наративи и „националните прашања“ за време на кампањата за локални избори. Понатаму, ЦИВИЛ оваа година ќе ги интензивира активностите со кои ќе помогне во формирањето на движењето на Зелените.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓански и граѓани, носители на одлуки на локално и централно ниво, медиумите и граѓанскиот сектор да се вклучат во создавање општество кое ефективно ќе се справува со националистичките наративи преку зелените алтернативи, иницијативи, стратегии и активно учество во креирање зелени политики што ќе придонесат кон креирање на прогресивно, слободно и зелено општество.

Зелената опција е дел од статутарните и програмските определби на организацијата од самото основање во 1999 година. Во 2009 година, се формира и посебна организациска единица под називот Еко Цивил, а веќе во 2014 година се утврдува називот Зелен Цивил кој е актуелен до денешен ден. Оваа организациска единица ја започна и веб страницата www.greencivil.mk на македонски, албански и англиски јазик, а во функција е и истоимената Фејсбук страница.

Редакција ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ