Евакуираните луѓе од металуршката фабрика Азовстал од Мариупол веќе пристигнаа во Запорожје, сега им се пружа сета потребна помош, објави градскиот совет на Мариупол на телеграм, пренесува Укринформ.
Евакуираните лица од Азовстал веќе пристигнаа во Запорожје, им се пружа сета потребна помош“, се вели во соопштението.
Градскиот совет објави видео од автобуси за евакуација кои пристигнаа во Запорожје, а ги превезуваа жителите на Мариупол.
Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, им се заблагодари на сите што овозможија да се спасат жителите на опколениот град.
„Ние сме им благодарни на сите учесници во мисијата за евакуација – претставници на Обединетите нации, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и министерката Ирина Верешчук. Благодарение на нашите заеднички напори, успеавме да ги спасиме жителите на Мариупол од овој пекол“, тој кажа.
Според градскиот совет, мисијата на ОН е подготвена да ја повтори операцијата за евакуација на повеќе цивили од Азовстал.
Координаторот на ОН во Украина Оснат Лубрани го потврди успехот на операцијата за безбедно преминување од Мариупол.
„Со олеснување потврдувам дека операцијата за безбедно поминување од Мариупол е успешна“, напиша Лубрани на Твитер.
Координаторот на ОН истакна дека луѓето со кои патувала и раскажувале „потресни приказни за пеколот низ кој поминале“.
Министерката за реинтеграција Ирина Верешчук претходно изјави дека вкупно 156 лица се евакуирани од Азовстал. Според официјалниот претставник, неколку стотици сè уште остануваат во просториите на претпријатието.
Како што е соопштено, во рамките на специјалната операција на 1 мај, повеќе од 100 цивили се евакуирани од Мариупол. На 30 април, командата на Азовскиот полк, кој го брани Мариупол, извести дека 20 жени и деца биле евакуирани од централата. Евакуацијата од централата Азовстал не ги опфаќа војската и ранетите бидејќи Обединетите нации, со чија помош е во тек мисијата за евакуација, не преземаат таква одговорност.
Подготви: Д.Мишев