• Latest

Цола Драгојчева на нашето време

November 23, 2020
Ирански ракетен напад на Тел Авив. Фото: Скриншот, Ал Џезира

Одмаздничките напади на Иран ги потресоа зградите во Израел, има повредени

June 13, 2025
Фото: Скриншот, Sky live

Иран лансирал ракети кон Израел, експлозии во Тел Авив

June 13, 2025
Фото: Кабинет на Пендаровски

Средба на Пендаровски со Чешкиот претседател Павел

June 13, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран

June 13, 2025

Колку со задолжување може да се креира раст на БДП?

June 13, 2025
Фото: МИА архива

Седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата во Иран

June 13, 2025
Фото: генерирано со ВИ

САД распоредуваат воени сили на Блискиот Исток поради тензиите меѓу Израел и Иран

June 13, 2025

Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори

June 13, 2025

24 ЧАСА: Израел го нападна Иран; Додик побара ослободителна пресуда; Македонија не гласаше за резолуцијата за прекин на огнот во Газа

June 13, 2025

СЛОБОДА, НЕ ФАШИЗАМ: Њу Хемпшир, САД

June 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Цола Драгојчева на нашето време

November 23, 2020 10:14
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Софија еден друг женски глас ја кажува истата прикаска која бугарската држава, може слободно да се каже, како мантра ја повторува повеќе од 100 години. Тоа е гласот на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, новата Цола Драгојчева!

Ретко кој во денешна Република Бугарија, можеби само вљубениците во режимот на Тодор Живков и некои повозрасни граѓани, се сеќаваат на другарката Цола Драгојчева – страв и трепет на комунистичката номенклатура во повоена НР Бугарија, прва жена министер во историјата на оваа земја, член на највисоките органи на Бугарската комунистичка партија, добитник на орденот „Херој на социјалистичкиот труд“ и на орденот „Ленин“ и можеби најзначајниот нејзин ангажман – претседател на Општонародниот комитет за бугарско-советска дружба. Положба што ја прави недопирлива дури и за семоќниот Тодор Живков, кој при еден обид да ја смени, добил јасна порака лично од Леонид Брежњев дека Цола не семе да се менува. Ете токму таа, другарката Драгојчева, беше и главниот стратег на политиката која Бугарската комунистичка партија, а по Втората светска војна и бугарската држава ја имаше кон т.н. „македонско прашање“.

Драгојчева и Захариева

Во своите мемоари, објавени во 1979 година, кои предизвикаа бура во тогашната македонска и југословенска јавност и беа причина дел од тогашното раководство на Македонија да го изрази своето несогласување со содржината на оваа книга, таа подробно пишува за ставовите и позициите на бугарската компартија кон Македонија и за решавањето на т.н. „македонско прашање“. Еден интересен сегмент од нејзините мемоари зборува за периодот кога силите на Тројниот пакт ја напаѓаат и ја распарчуваат Југославија, при што тогашната, како што таа вели во своите мемоари, монархофашистичка власт ја добива, од страна на Германија, речиси целата територија на денешна Република Северна Македонија.

Токму во таа констелација на настани, Бугарската работничка партија (комунисти) земајќи го здраво за готово новото територијално устројство на Царството Бугарија кон своите редови се обидува да го припои и Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија, поаѓајќи од идејата дека Македонија природно ѝ припаѓа на Бугарија. Со самиот тој факт бугарското комунистичко движење само го презема континуитетот кој, како што вели таа, монархофашистичката бугарска власт го има кон прашањето за положбата и иднината на Македонија, континуитет кој ако се исклучи периодот од 1945 до 1948 година се уште е официјална политика на бугарската држава.

Денеска во Софија еден друг женски глас ја кажува истата прикаска која бугарската држава, може слободно да се каже, како мантра ја повторува повеќе од 100 години. Тоа  е гласот на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, новата Цола Драгојчева! Иако, ако добро се разгледа нејзината биографија (а за тоа нема да ви треба многу време), единствено што може да се заклучи е дека таа потекнува од Пазарџик, студирала во Пловдив и била министер во неколку бугарски влади. Тој факт и не е така импресивен ако се знае која единствена квалификација им е потребна на денешните политичари да станат министри – да знаат добро да му се додворуваат на својот шеф. А кој е нејзиниот шеф? Никој друг туку телохранителот на неприкосновениот комунистички лидер на Бугарија, Тодор Живков – актуелниот премиер на Република Бугарија, Бојко Борисов. Историјата се повторува, но како фарса. Тандемот Баи Тошо – Другарката Цола е реинкарниран во Телохранителот на Баи Тошо и девојката од Пазарџик, повторно повторувајќи ги истите позиции и ставови за негирање на постоењето на цел еден народ и цел еден јазик.

И ако тоа можеби и било логично во средината на минатиот век, кога македонската држава се уште била во повој, денес по 70 и кусур години во кои македонскиот народ слободно живеел и се развивал, создавал, се афирмирал, творел да се излегува во меѓународната јавност со истите великобугарски ставови како оние на Живков и Драгојчева е навистина фарсично.

Светски преседан

Социолозите најверојатно ќе може да најдат одговор и на тоа однесување на модерната бугарска политичка елита (ако така може да се нарече групата во која на пример е и еден Каракачанов). Дали е тоа колективната фрустрација која потекнува од времето кога Бугарија како членка на источниот лагер едвај дишеше од железната „братска“ прегратка на браќата Руси (додека Македонија како членка на југословенската федерација под водство на „диктаторот“ Тито ги живееше своите златни години) или можеби уште и пред тоа, во времето кога Бугарија нижеше порази на военото поле (да ги споменеме само Втората балканска војна, Првата и Втората светска војна, особено втората, кога Македонците уште во 1941 година се определија на страната на антифашистичката коалиција, за разлика од Бугарија која и објави војна на Германија, верувале или не, на 6 септември 1944 година – и со букви: шести септември илјада деветстотини и четириесет и четврта година! И тој факт го користат за да истакнат дека и тие се бореле против нацистичка Германија).

Но, историјата е историја, фрустрациите се фрустрации, а реалполитиката е реалполитика. Со своите барања кон нас (кои се патем речено историски негативен преседан во светски рамки), Бугарија се доведе во ќорсокак, од кој, со помош на нашите пријатели во европската дипломатија, принципите на ЕУ како и конечно здравиот разум, ќе се бара излез од ова, речиси вековно „недоразбирање“. Сево ова ќе се забрза на пролет, кога новата администрација во Белата куќа веќе ќе биде во полн погон, и ќе почне да ги гаси пожарите предизвикани од 4-годишното реалити шоу по светот, а кое ги прикажува сите последни епизоди.

За тоа време госпожа Екатерина Захариева има време барем да ја прочита и да ја проучи биографијата на другарката Цола Драгојчева или можеби и таа има златен адут во канцелариите на Кремљ… Источниот, ладен ветер, никогаш не престанал да дува на Балканот.

извор: Слободен печат

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    385 shares
    Share 154 Tweet 96
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Не, не се разбираме расисту филип т. петровски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ