Уште на самиот почеток на изборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври, веќе почна црната кампања во Кочани против актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ за оваа функција, Николчо Илијев.
Во текот на ноќта, во градот се расфрлени летоци со порака: „Зошто ме присиливте“, „Илјада пати кажав не за втор мандат!“. Според инфромациите на набљудувачи на Цивил од теренот, летоците биле расфрлени од активисти на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, политичките партии и кандидатите за градоначалници пред да започне изборната кампања за локалните избори потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Според тоа што се случува, очигледно, заложбите од Кодексот се само на хартија, додека на терен партиските активисти и официјалната кампања ја започнаа со црна пропаганда.
ЦИВИЛ ги повикува партиите да го почитуваат Кодексот што го потпишале и да се фокусираат на понудата доо граѓаните наместо на оцрнување на противниците. Воедно, граѓаните се повикуваат да не подлегнуваат на објави од ваков тип, без оглед од која партија доаѓаат, и да се фокусираат на анализирање на понудата на политичките партии и нејзината остварливост за подобрување на нивниот живот и околина.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ