• Latest

Црвен картон за говорот на омраза – „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“

October 30, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Црвен картон за говорот на омраза – „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“

October 30, 2022 16:26
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На фудбалските терени на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), беше одржан спортски настан за подигнување на свеста кај младите, родителите и поддржувачите во рамки на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа насловена „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“.

Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ, го поддржа настанот за ширење на позитивни пораки за влијанието на спортот и фудбалот врз идните генерации, потенцирајќи дека фудбалот е одлична платформа за испраќање на позитивни пораки.

– Со иницирање на активности за подигнување на свесноста за повисоко ниво на толеранција на фудбалските терени и надвор од нив се испраќа порака до навивачите, а особено младите за штетните ефекти од говорот на омраза и нетолеранција. Искрена благодарност до Европската унија и Советот на Европа за иницијативата и поддршката во организирање на оваа кампања, изјави Поповски.

Штефен Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, ја истакна важноста на спортот и фудбалот и неговото влијание врз младите.

– Фудбалот е обединувачка сила, токму затоа нема место за говорот на омраза во спортот. Спортот промовира почитување и славење на достигнувањата и различностите. ЕУ продолжува силно да ги поддржува напорите за борба против говорот на омраза, како и промовирањето на позитивните вредности и духот на фер игра и толеранција, порача Худолин.

Лејла Дервишагиќ, оперативна раководителка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје истакна дека целта на спортот е да ги поврзе луѓето, да придонесе кон подобро здравје и квалитетен живот, рушејќи ги бариерите преку градење на доверба и чувство на припадност, јавува МИА.

– Повеќе од 40 години, Советот на Европа се залага за фер игра и почит на спортските терени. Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“ е заеднички напор на Советот на Европа и Европската Унија за поддршка на борбата против говорот на омраза. Многу е важно што денес споделуваме пораки дека љубовта, фер-играта и почитта се вредности кои ни се потребни во, но и надвор од фудбалскиот терен, вели Лејла Дервишагиќ.

Селекторот на македонската А фудбалска репрезентација и еден од амбасадорите против говор на омраза во рамките на кампањата, Благоја Милевски порача дека фудбалот значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура.

– Ги охрабрувам сите млади и повозрасни активно да се вклучат во кампањата и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот, додаде Милевски.

Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ се фокусира на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата, во соработка со Македонската фудбалска федерација. Идејата на денешниот настан беше низ игра и спорт да се доближат прашањата за различностите и инклузијата до младите спортисти, а главната цел на настанот беше да се подигне свеста кај младите за различните форми на говор на омраза, како и да се промовираат начините за борба против омразата особено во спортот и фудбалот.

Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија“, кој е дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа, Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ