Црвен крст на Република Северна Македонија дистрибуираше хуманитарна помош во Делчево. а од утре ќе отвори пунктови за донации низ трите Рамстор маркети во Скопје.
Како што стои во Фејсбук објавата на Црвениот Крст, направена е обиколка во селото Нов Истевник, Делчевско, каде пожарот е веќе локализиран.
“Дистрибуирана е флаширана вода, 21 пакет вода од 1,5 литар, за месното население кое во моментот нема чиста вода за пиење поради дефект на водоводната линија”, соопштија од Црвен крст.
Водата е дистрибуирана од мобилниот тим на Црвен крст на Општинска организација Делчево.
Во рамките на хуманитарните акции, соопштено е дека Црвен крст – Скопје, во соработка со Рамстор, организира и пунктови на кои може да се донира конзервирана храна, тестенини, шеќер, сол, како и хигиенски материјали, шампони, сапуни, детергент за алишта, средства за дезинфекција.