-Во МИА отсекогаш постоеле редакции кои ги застапуваат двете најголеми заедници. Но не постои стрикна поделба на тие две редакции. И во македонската редакција работат албанци, и обратно. И ќе се обидуваме во иднина тој пристап да го одржуваме, да не се делиме туку напротив да се споиме. Бидејќи на тој начин ќе го поттикнуваме мултикултурализмот. Пред се, сите да бидеме новинари, да не се делиме, а во исто време сите да работиме заедно, изјави Ана Цветковска, уредничка во МИА на панелот „Мултикултурализам и европски вредности во медиумите“.
Битно е да се запознаваме сите едни со други. Миа за верските празници прави репортажа за сите заедници, и тоа да и го покажеме на јавноста, дека правично ги застапуваме сите. Ние се обидуваме да бидеме браната на сите медиуми. Ние сме граѓани на оваа држава без разлика на која етничка припадност припаѓаме. Да ги видиме работите што не спојуваат и да ги славиме различностите.