Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ и експерт, на панел дискусија на ЦИВИЛ „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“, која се одржа на 15 декември, вели дека за овие прашања треба да се разговара во континуитет и дека интеркултурализмот бара одговорност од сите.
„Без да се прифати и индивидуална одговорност сметам дека нема да постигнеме значителни резултати во однос на спроведувањето на концептите и идеите за интеркултурализам. Треба сите да придонесеме за успешно спроведување на Стратегијата, треба колективно дејство кое ќе ни помогне да ги подобриме состојбите и пред се да почнеме со отфрлање на предрасудите, стереотипите, дискриминацијата, говорот на омраза…“, вели Тунева.
Таа додава дека се забележува подобрување во слобода на медиумите.
„Предизвик и потешкотија е тоа што се забележува еднострано информирање на медиумите. Сензационалноста е исто така проблем, дури и кога се известува за различноста се забележува сензационализмот. Медиумите би требало да бараат соодветни извори на информации и говорниците за одреден проблем да се од различни етнички заедници“, вели меѓудругото Тунева.
Во однос на „Перспективите 2022“, Тунева смета дека медиумите имаат голема моќ и значајна улога во општеството како ќе ја пренесат пораката за интеркултурниот концепт.
Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски