Анкара е во преговори со Москва и Киев за отворање коридор преку Босфор за извоз на украински жито, пренесува Укринформ.
„Турција преговара и со Русија и со Украина за извоз на житарки од Украина“, изјави висок турски функционер за Ројтерс, барајќи анонимност бидејќи разговорите биле доверливи.
Русија ги блокира сите пристаништа и трговски патишта преку кои се извезува украинско жито ширум светот. Над 20 милиони тони жито се заглавени во пристаништата во Украина.
Европската комисија организираше „солидарни патеки“ за Украина за да го забрза транспортот на жито во ЕУ со железница и пат, но овие транспортни капацитети во моментов се недоволни.
Подготви: Д.Мишев