• Latest

Тужбите за клевета, притисоците и заканите, но и криењето информации се главните маки на екологистите

February 11, 2022
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Тужбите за клевета, притисоците и заканите, но и криењето информации се главните маки на екологистите

February 11, 2022 15:51
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заплашувања со тужби, најчесто за клевета, јавни или скриени закани, оцрнување со лаги и измислени приказни, сокривање на информациите од страна на институциите или притисоци од приватни компании, се дел од проблемите со кои се соочуваат екологистите, активисти и борци за човековите права на здрава животна средина во С. Македонија. Во регионална Студија, изработена од Центарот за животна средина од Бања Лука, во соработка со експерти од пет земји, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, се анализираат предизвиците кои стојат пред еколошките активисти од овие држави во нивната секојдневна борба за подобра животна средина, објавува Мета.мк.

Во делот за С. Македонија, изработен од Македонското здружение за млади правници, се нотира дека во повеќето земји од Западен Балкан постојат различни проблеми во врска со правото на слобода на изразување, а во нашата еден од најчесто користените механизми за вршење притисок се тужбите за клевета. Тие често се промовираат во медиумите со цел да се изврши уште поголем притисок и да им се наштети на активистите заради објавување на информации за еколошките последици од различните проекти, а може да се придружени и со писма од адвокати со барање за извинување и изјава за повлекување. Како пример, Студијата го наведува случајот со локалните активисти од Југоистокот, кои активно протестираа против изградбата на рудници за бакар во нивна близина на локациите Казандол и Иловица.

С. Македонија, заедно со Босна и Херцеговина се соочува и со проблеми во слободата на пристап до информации бидејќи, иако законодавство во теорија е многу јасно, институциите потфрлаат во проактивното споделување информации. Во земјава, се вели во извештајот, има случаи кога виталните информации, како што се на пример мерењата на концентрациите на емисии во воздухот од индустриските капацитети, ги чуваат приватни субјекти, кои што не се опфатени во обврските предвидени со законите, па јавноста тешко доаѓа до нив или може да се сомнева во нивната вистина. Извештајот нотира дека властите во земјава често не сакаат да споделуваат информации под изговор дека се работи за чувствителни податоци, како и дека се соочуваат со постојано препраќање на барањата за пристап до информации, со тврдење дека конкретната институција не ги поседуваат бараните информации.

Македонските екологисти многу често се жалат дека за прашањата поврзани со животната средина, затајува консултирањето на јавноста на ниво на локална заедница. Тоа е илустрирано со случајот кога локална власт попречувала референдум против рудник за бакар, конкретно рудникот Казандол, користејќи ја робусната бирократија како изговор. Во Албанија, БиХ и С. Македонија, активистите исто така во голема мера биле подложени на притисоци од приватни компании, вклучени во проектите на кои тие се противеле. Борците за човекови права на здрава животна средина, особено во БиХ, С. Македонија и Србија се соочуваат и со оцрнувачки кампањи насочени кон дискредитација на нивната личност, углед и работа. Во земјава најчесто активистите се прозиваат дека застапуваат агенда на некоја политичка партија или пак дека се потплатени од некој инвеститор.

Студијата укажува и на фактот дека земјите од Западен Балкан, меѓу кои и нашата, во обид да ги исполнат барањата за пристапување кон Европската Унија, честопати ги усвојуваат законите без да усвојат соодветни практики за нивна имплементација.

Сепак, активистите во земјава се во некои аспекти во подобра позиција од своите колеги на Балканот. Додека во С. Македонија граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани, да им се придружуваат или да ги напуштаат, во некои земји, како што е Босна и Херцеговина, се соочуваат со прекумерна бирократија и долги процедури за регистрација, а покрај тоа, и во БиХ и во Србија, законите предвидуваат и одредени надоместоци за регистрација на здруженијата.

Едно од најоспоруваните права во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, според регионалната Студија, е слободата на собирање. Додека македонскиот Устав признава дека граѓаните имаат право да се собираат мирно и да изразуваат јавен протест без претходна најава и посебно одобрение, за чие остварување во праксата не се забележани значајни пречки, други земји од Западен Балкан се соочуваат со законодавство кое не е доволно усогласено со меѓународните стандарди. Така, на пример, во БиХ законодавството е премногу сложено, во Албанија остава простор за посериозни прекршувања, како што се кривични постапки против активистите коишто ќе се вклучат во спонтани собири, а во Црна Гора постојат конфликтни одредби што истовремено и го дозволуваат и го ограничуваат правото на спонтани собири.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ