По соопштението на ЦИВИЛ и најавите за доставување на барањето за укинување на привилегиите на функционерите, ТВ 21 направи опширен прилог во вестите и во информативниот сегмент #10 минути со кои опфатија повеќе аспекти од оваа тема.
„Политичарите се менуваат, навиките остануваат. Функциите со кои распологаат политичарите носат привилегии. Вечери во елитни ресторани, патувања во разични места низ светот и бонус џепарлаци се само дел од бенефитите со кои располагаат функционерите“ – се вели на почетокот на прилогот на ТВ 21 – „Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, бара од законодавната и извршната власт да стават крај на расипништвото и повластиците во кои уживаат функционерите. Тој додава дека сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот. Најавува дека ваква иницијатива ќе поднесе до Собранието.“
„Дотолку нешто е дозволено со закон, а нешто не е во ред со и не во согласност со демократските стандарди и со етичките начали,тогаш тој закон треба да се промени. Односно да се направи таков каде што јавните ресурси и граѓанките и граѓаните нема да бидат злоупотребени. Ова е сиромашна земја не можеме да очекуваме од оваа сиромашна земја да плаќа милиони евра годишно за некој да ужива во некакви привилегии и бенефиции“, вели Дерала во интервјуто што со него го направи новинарката на ТВ 21, Арбана Ќерими Климента.