Никос Коцијас, до скоро Министер за надворешни работи на Република Грција, со малку зборови кажа многу на Твитер:
„Разговарав со Зоран и со Никола. Се сетивме на тешкотиите, заморот, тензиите, взаемната доверба и надежите што ги имавме додека работевме на Договорот. Сонувавме за заедничката иднина на нашите два народа. Северна Македонија, добредојде во нашите животи. Историјата треба да биде училиште, а не затвор.“