По насилниот упад во американскиот Капитол во главниот град на државата, Твитер го ескалираше обележувањето на твитовите на Трамп како содржини со спорни информации. Твитер го обележа и видеото што го објави Трамп со етикетата: „ризик од насилство“.
Платформата на социјалните медиуми најпрво го ограничи твитот да биде лајкуван или споделен, а подоцна целосно го отстрани.
Твитер, исто така, предупреди дека профилот на Трамп може да биде целосно згаснат.